Морничаво видео: Прозорец на авион се скршил среде лет – патниците и екипажот се безбедни

На вирално видео на ТикТок се гледа мигот кога во авион на висина од 3 километри се појавиле пукнатини на стаклото на едниот од прозорците. Иако видеото е морничаво, од авиокомпанијата уверуваат дека пукнатините се само на надворешен слој од прозорецот, а ова не ја загрозува безбедноста на патниците.

mornichavo-video-prozorec-na-avion-se-skrshil-srede-let-patnicite-i-ekipazhot-se-bezbedni-01.jpg

ТикТок корисник сподели морничаво видео од мигот кога се појавиле пукнатини на прозорецот од авионот со којшто летал.

Наводно, инцидентот се случил на 20 август, на лет од Варшава до Њујорк, во мигот кога авионот почнал да слетува. Кога пукнал прозорецот, авионот бил на висина од околу 3 километри.

На видеото се гледа како патниците кои седат до прозорецот избезумено стануваат од нивните седишта, а останатите патници се видно вознемирени.

Видеото е споделено на ТикТок пред два дена, а веќе има над четири милиони прегледи.

@degenerate.destroyer2 #crazy #lotairlines #poland #planes ♬ original sound - Tristan

Иако целата ситуација изгледа навистина страшно, речиси веднаш се огласи полската авиокомпанија која го организира летот.

Според авиокомпанијата, пукнатините се само на надворешниот слој од прозорецот кој го затемнува стаклото. Односно, самиот прозорец не бил скршен.

Авионот безбедно слетал, а прозорецот бил заменет.

„Овој прозорец не беше скршен. Прозорците имаат неколку слоеви. Пукнатините се на слојот кој служи за затемнување на прозорецот. Овој слој може да се оштети од физички контакт со остри и тешки предмети.

Како мерка на претпазливост, пилотот леташе пониско и безбедно слета на аеродромот во Њујорк“, гласи изјавата на авиокомпанијата.

mornichavo-video-prozorec-na-avion-se-skrshil-srede-let-patnicite-i-ekipazhot-se-bezbedni-02.jpg

Доколку навистина се скрши прозорец од авионот додека лета, последиците можат да бидат лоши. Причината е наглата промена на притисокот во кабината.

Откако ќе се скрши прозорецот, воздухот од кабината ќе почне да излегува низ него, а поради ова низ кабината ќе почнат да летаат сите помали предмети кои не се прицврстени.

Сепак, ако станува збор за само еден прозорец, доволно е патниците да седат смирено на нивните седишта, додека пилотот се обидува да го слета авионот.

Исто така, добро е да знаете дека во историјата на патувањето со авион, само трипати имало инциденти со целосно скршени прозорци. 

mornichavo-video-prozorec-na-avion-se-skrshil-srede-let-patnicite-i-ekipazhot-se-bezbedni-03.jpg

Во првите два лета (во 1990 и 2018 година), мал дел од патниците и екипажот биле повредени, но ништо сериозно.

За жал, на третиот лет, исто така од 2018 година, една патничка загинала бидејќи седела веднаш до прозорецот што се скршил.

Прозорците на авионите се мошне издржливи и летањето со авион се смета за еден од најбезбедните начини на транспорт.

Што значи, иако видеото со пукнатиот прозорец е вознемирувачко, не треба да се плашите дека ќе се најдете во таква ситуација бидејќи шансите се практично непостоечки.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирално видео: Змија ги исплаши патниците во авион во Тајланд, стјуард едвај успеа да ја фати Вистинска драма се случувала на летот од Бангкок до островот Пукет во Тајван, ко...
Морничаво видео: Исплашен патник снима откако Boeing авион почнал да паѓа надолу Од јануари, неколку Boeing авиони се соочија со инциденти вклучувајќи запален мо...
„Што трпат децата заради нереализираните мајки?“ - Девојче во солзи вежба ритмичка гимнастика „Моето храбро девојче“ – напиша гордата мајка до видеото на кое што се гледа как...
Вознемирувачко видео: Мигрант во Шпанија удри бебе, па се закани: „Следниот пат ќе ја убијам“ Мигрант од Еквадор е уапсен откако нападнал брачен пар со бебе во Шпанија. Видео...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg