Вистинска инспирација: Дечко со Даунов синдром изработува накит, свири на тапани и завршил колеџ на 38 години
- Детали
- четврток, 25 август 2022
38-годишниот Дилан од Вашингтон има Даунов синдром, а неодамна заврши колеџ. Покрај тоа, Дилан свири на тапани во бенд и изработува накит.
Постојат многу недоразбирања за лицата до Даунов синдром, но изминативе неколку години свеста на јавноста се зголемува и луѓето почнуваат да си го менуваат мислењето.
Некои работи, како одењето на факултет, можат да бидат поголем предизвик за лицата со Даунов синдром, но многу од нив одново и одново покажуваат дека ова не е предизвик што не можат да го надминат.
Одличен пример за ова е 38-годишниот Дилан Куел кој неодамна завршил факултет во Вашингтон.
Дилан завршил на колеџот The Evergreen State, и со ова стана првата личност со Даунов синдром која дипломирала на колеџот од неговото отворање пред 51 година.
Тој е и првата личност со Даунов синдром од Вашингтон која може да се пофали со ваква диплома.
Дилан отсекогаш бил желен за учење, а бидејќи е мошне креативна личност, се запишал на уметност.
Студирањето траело четири години и тој имал предмети како сликање и танцување, а главниот фокус му било пишувањето.
Бидејќи Дилан е вистинска инспирација, на церемонијата за доделување на дипломите тој држел говор пред останатите 900 студенти.
„Следете ги вашите способности. Живејте го животот со амбиција и гордост“, вели Дилан во говорот.
Но учењето не е единствената пасија на Дилан.
Тој изработува уметнички дела и накит од стакло кои ги продава.
Истовремено, свири и тапани во бенд и се залага за инклузија на лицата со попреченост.
Кај лицата со Даунов синдром можат да се појават разни пречки и одложувања во развојот. Неретко може да им биде тешко да се вклопат во општеството, најмногу поради стигмата што го опкружува нивното нарушување.
Доста често нивните способности се потценети, но луѓето како Дилан му помагаат на општеството да сфати дека ова е погрешно.
Дилан е инспирација не само за лицата со Даунов синдром, туку за сите нас, бидејќи ни покажува дека ниту една пречка не е преголема ако вистински сакаме да постигнеме нешто.
Спирова С. | Црнобело