Понуда од соништата: Италија плаќа 15.000 евра за да се преселите на идиличниот остров Сардинија

Замислете си реновирате стара живописна куќа во некое италијанско селце на магичната Сардинија, каде има повеќе од 1.600 километри песочни плажи и живеете таму... Звучи бајковито, зарем не? Сега е возможно! Кои се условите?

dom-od-sonishtata-italija-plakja-15-000-evra-za-da-se-preselite-na-idilichniot-ostrov-sardinija-01.jpg

Властите во Италија нудат грантови (финансиска помош) и до 15.000 евра на луѓето кои се подготвени да се преселат на прекрасниот италијански остров Сардинија.

Одвоени се милиони за покревање на иницијатива за заживување на руралните делови на Италија и подобрување на трговијата во малите делумно напуштени места. Ова важи и за напуштените делови од Сардинија.

dom-od-sonishtata-italija-plakja-15-000-evra-za-da-se-preselite-na-idilichniot-ostrov-sardinija-08.jpg

Сардинија е втор најголем остров на Медитеранот и има неверојатна природна убавина и богата историја.

Има повеќе од 1.600 километри песочни плажи, живописни пристанишни гратчиња и ѕидини изградени многу, многу одамна кои раскажуваат приказни за минатите времиња.

dom-od-sonishtata-italija-plakja-15-000-evra-za-da-se-preselite-na-idilichniot-ostrov-sardinija-02.jpg

Но, како и многу други региони во Италија и овој регион страда од недостиг на популација поради отселувањето на младите да работат во поголемите градови.

Сега, власта нуди грантови за да ги охраби луѓето да купуваат имоти таму и да ги реновираат и да започнуваат свои бизниси за да ги заживеат напуштените италијански села на Сардинија.

dom-od-sonishtata-italija-plakja-15-000-evra-za-da-se-preselite-na-idilichniot-ostrov-sardinija-07.jpg

Услов е имотот кој ќе го купите да биде во општина со помалку од 3.000 жители. Плус, ако не успеете со тие пари да ја завршите реновацијата, ќе треба да додадете финансиски средства.

dom-od-sonishtata-italija-plakja-15-000-evra-za-da-se-preselite-na-idilichniot-ostrov-sardinija-04.jpg

Исто така, услов е да останете да живеете таму постојано, а не само да ја искористите понудата за да си направите вила за летување.

Треба да имате под 40 години и да планирате отворање на свој бизнис таму или да се занимавате со некоја од професиите за кои има дефицит.

dom-od-sonishtata-italija-plakja-15-000-evra-za-da-se-preselite-na-idilichniot-ostrov-sardinija-09.jpg

dom-od-sonishtata-italija-plakja-15-000-evra-za-da-se-preselite-na-idilichniot-ostrov-sardinija-06.jpg

dom-od-sonishtata-italija-plakja-15-000-evra-za-da-se-preselite-na-idilichniot-ostrov-sardinija-05.jpg

dom-od-sonishtata-italija-plakja-15-000-evra-za-da-se-preselite-na-idilichniot-ostrov-sardinija-03.jpg

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Купив стан за да живееме со партнерот, сега тој не сака да плаќа кредит – ме искористува ли?“ „Купив стан на мое име и кога го замолив дечко ми да помага со кредитот, ми рече...
„Освоив 172 милиони евра на лото - Како добивката ми го уништи животот?“ Родителите престанале да разговараат со неа затоа што сметале дека не им дала до...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...
60-годишни жени од Шпанија мислеле дека се во врска со Бред Пит - Како измамници им зеле над 320.000... Ако Бред Пит ве убеди дека ве сака, ќе му дадете 150.000 евра за бизнис, нели!? ...
Дете (8) од Африка ја поминало Сахара пеш за да стигне до Европа, откако селото му било уништено во ... 8-годишниот Оумар од Африка поминал над 5.600 километри за да стигне од Мали до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg