Мајка го згрози светот – го фотошопира телото на 8-годишната ќерка (ѝ го танчи струкот)

„Ти не си родител!“ – Како Фотошоп навиките на една мајка можат да ѝ ја уништат психата на нејзината 8-годишна ќерка? Крајно осудувачко однесување, зарем не?

majka-go-zgrozi-svetot-go-fotoshopira-teloto-na-8-godishnata-kjerka-i-go-tanchi-strukot-01_ICC_Change.jpg

На Reddit постојано осамнуваат теми од секојдневието кои на моменти нè тераат да се запрашаме „Каде отиде светот?“...

Па, така е и со оваа тема каде се посочува на мајка која со Фотошоп прави измени на телото на својата 8-годишна ќерка.

На фотографијата од нејзините 3 деца јасно се гледа дека таа го танчела струкот на ќерка си, затоа што џемперчето на девојчето е искривено и рацете изгледаат чудно.

Фотографијата од мајката, чиј идентитет се држи во тајност за да не дојде до нарушување на приватноста, инстантно стана мета на критики.

Луѓето згрозени од нејзиното однесување брзо испишаа толку многу осудувачки коментари, што темата дури беше затворена за понатамошна дискусија.

„Ова е најлудото нешто што сум го видел досега“, „Згрозувачко“, „Сама ја сексуализира својата 8-годишна ќерка на Фејсбук?“, „Ти не си родител!“, „Ова е злоупотреба“ се само дел од осудувачките коментари.

Дали и вие сметате дека светот оди во крајност со потрагата по „совршенство“ и трката по нереалните „стандарди за убавина“?

Во време кога девојчињата чувствуваат неверојатен притисок за да изгледаат совршено, ова е крајно осудувачко однесување на една мајка, зарем не?

Таа само го зголемува ризикот од депресија, ниска самодоверба и анксизоност кај својата ќерка.

Дефинитивно пример како НЕ треба!

majka-go-zgrozi-svetot-go-fotoshopira-teloto-na-8-godishnata-kjerka-i-go-tanchi-strukot-02_ICC_Change.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
„Поради рак на дојка, не можам да имам деца – најдобрата другарка ми беше сурогат мајка“ „Отсекогаш сакав да станам мајка и по дијагнозата со рак, мислев дека ќе биде не...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg