Синот на легендарниот Меџик Џонсон во бикини и штикли на плажа на Миконос (фото+видео)

Синот на легендарниот поранешен НБА кошаркар Меџик Џонсон, беше забележан како се забавува на Миконос, облечен во бикини со триаголници и високи штикли, а грчките медиуми објавија видео од неговото појавување. 

sinot-na-legendarniot-medjik-djonson-vo-bikini-i-shtikli-na-plazha-na-mikonos-foto-video-1.jpg

30-годишниот Ирвин Џонсон III, попознат како И Џеј и син на кошаркарот Меџик Џонсон, ужива на одмор во Грција во ексцентрично издание по кое е познат.

Тој ја откри својата хомосексуалност уште во 2013-та година, сака да се облекува како жена, но не размислува на менување на полот.

Неодамна е забележан на грчкиот остров Миконос, како се забавува, облечен во златни бикини и панталони, искомбинирани со штикли и чанта, а грчките медиуми објавија видео од појавувањето.

sinot-na-legendarniot-medjik-djonson-vo-bikini-i-shtikli-na-plazha-na-mikonos-foto-video-02.jpg

Инаку, кога неговиот татко Меџик Џонсон дознал за неговата сексуална ориентација не бил среќен, но со тек на време ја прифатил одлуката на синот.

Неговата мајка пак, сопругата на кошаркарот, знаела дека нивниот син е геј уште од негова 3-годишна возраст, затоа што уживал да си игра со кукли и да носи женска облека од неа.

Според нејзини изјави, се обиделе да го пратат на спорт на 5-годишна возраст, но наместо да фаќа топки, тој берел цвеќиња од теренот.

Погледнете повеќе фотки од него кои ги објавува на Инстаграм:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
Се школувал под лажно име, не смеел сам да оди ни во тоалет: Тажниот живот на синот на Доналд и Мела... По барање на мајка му Меланија, неговото име и лик не смееле да се спомнат на со...
Исповед на мајка: „Немам пари за екскурзиите на децата – се срамам кога роднините ми нудат помош“ „Ми беше тешко да му соопштам на синот дека нема да оди со другарчињата. Видов к...
„Зошто ме разочара Миконос и нема да се вратам таму никогаш повторно?“ „Јас можам да си дозволам да си платам квалитетна храна и пијалаци, но тоа не зн...
„Сопругот ми купи приватен остров од 50 милиони долари, за да можам да носам бикини“ „Можел да ти изгради и базен во дворот“ – стои во некои од зајадливите коментари...
19-годишна девојка за нападот од ајкула: „Ме зграпчи во плиткото, ја претепав со слободната рака“ „Еден голем дел од мојата рака го немаше. Мислев дека ќе ги загубам прстите и ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg