Жена работи како пилот во Англија, а со авион ја носи ќерката (2) до Шведска, за баба ѝ да ја чува
- Детали
- недела, 28 август 2022
„Останав бремена ненадејно и не сакав да се откажам ниту од кариерата како пилот, ниту од бебето. За среќа мајка ми ми помага, но проблемот е што живее во Шведска, па морам 2-годишната ќерка со авион да ја носам кај неа“ – вели оваа жена пилот од Англија. Како е да се биде пилот и мајка истовремено?
Сите мајки се свесни дека е мошне тешко да се биде родител и истовремено да имаш успешна кариера. Така Марија Петерсон (38) од Есекс, Англија кога ја родила ќерката Алис (2) требало или целосно да се откаже од кариерата како пилот или да најде решение.
Мајка на Марија, Кристина (68) живее во Гетебург, Шведска, а работата како пилот во голема мера ги олеснува работите, затоа што ѝ овозможува на оваа мајка секој ден да патува и да ја однесе ќерката кај баба ѝ.
„Многу возрасни луѓе немале прилика да летаат со толку голем број авиони, како Алис. Имам огромна среќа што звукот од моторите на авионот веднаш ја успива. Навистина може да биде тешко да се биде мајка со мојата професија, но имам среќа затоа што имам повеќе опции за згрижување на детето.
Мајка ми е пензионер, па со авион ја носам Алис кај неа во Шведска – тоа е најверојатно најоддалечената градинка. Кога ја носам кај мајка ми, вообичаено одам како патник, а не како пилот и таа за време на целото патување ми спие во скут. Вообичаено кога одам кај мајка ми останувам неколку дена за Алис да биде спокојна. Ништо не правиме набрзина“ – вели Марија.
Марија појаснува дека бременоста со Алис била непланирана, но, како што вели, нашла начин истовремено да се грижи за ќерката и да ја задржи кариерата.
„Иако мајка ми во најголем дел се грижи за ќерка ми, морам да напоменам дека и татко ѝ на Алис, Томас се грижи за неа, а помага и неговото семејство“ – вели таа.
Марија нагласува дека среќна околност е тоа што во авиокомпанијата за која работи има само кратки летови, и дека вообичаено станува во 4 и 30 наутро, а се враќа околу 18 часот попладне.
„Понекогаш работам ноќни смени, што значи дека треба да излезам на полноќ, кога Aлис спие. Навистина е напорно, но имам среќа што имам беби-ситерка која сака да дојде толку рано.
Кога останав бремена не бев сигурна како ќе успеам да ја задржам работата со детето, но мислам дека да се биде родител значи постојано да се бориш да најдеш начин за нештата да функционираат“ – вели таа.
Марија има свој профил на Инстаграм каде редовно објавува фотографии.
Погледнете неколку од нив:
https://www.instagram.com/p/ChNdvgLsm2x/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CgO_KiYMQlo/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело