Уникатни младенци кажаа ДА на врв на планина – по церемонијата скијаа надолу во одело и венчаница (фото)
- Детали
- понеделник, 15 август 2022
Хејли и Овен од САД се венчале на планина, а по церемонијата, заедно со уште неколку гости, се спуштиле по планината со скии, и тоа носејќи костум и венчаница.
Хејли Баденхопт и Овен Липер се венчале во април годинава, и тоа на најнеобичната локација – на планина, каде што гостите, но и тие двајцата носеле скии.
Хејли отсекогаш сонувала да се венча на планина, а нејзиниот сопруг, кој е професионален скијач, успеал да ѝ ја исполни желбата.
35-годишната Хејли и 37-годишниот Овен се запознале во 2018 година и прво биле добри пријатели пред да ја почнат врската.
Тие се вериле во септември минатата година и веднаш почнале да размислуваат како можат да направат венчавка која најдобро ќе ги отслика нивните карактери.
„Штом се качив на планината, си помислив дека е одлично место за венчавка. Отсекогаш сум сакала венчавка на планина, но не знаев дали воопшто би било возможно нешто такво“, вели Хејли за Insider.
Тогаш Овен добил идеја да се венчаат на планина која е во склоп на скијачки центар што често го посетувале.
Венчавката ја закажале за последната недела од скијачката сезона, односно на 3-ти април.
А, бидејќи биле на планина, младоженците и гостите носеле скии, а по венчавката, Овен и Холи се спуштиле по планината со скии.
Најинтересно е што Холи всушност скијала во нејзината венчаница.
Иако венчавката била волшебна, парот открива дека до последен миг не знаеле со какви временски услови ќе се соочат.
„Местото каде што ја одржавме церемонијата е многу ветровито. Многу е непредвидливо. Но, денот на венчавката беше совршен и интересно е што следниот ден беше толку студено и ветровито, што ја затворија патеката“.
За посебниот ден, Хејли одбрала долга венчаница со долги ракави и голи рамена. Истовремено, младоженците си направиле и скии на кои се испишани зборовите „невеста“ и „момче“.
„Бидејќи скијаме секој ден, не сакавме венчавка да биде како обичен ден. Сакавме да биде посебна“.
На венчавката присуствувале 75 гости, а 20-тина им се придружиле во скијањето по церемонијата.
„Не знаевме дали некој ќе дојде да скија со нас, но тогаш неколку гости дојдоа со нивните скии“, вели Холи.