Бабичка побарала згоден дечко за 106-иот роденден - внука ѝ ја изненади со гол батлер кој носи само престилка (фото)
- Детали
- четврток, 11 август 2022
За да се осигура дали нејзиниот бармен е гол под престилката, оваа 106-годишна бабичка го натерала да ѝ подаде мезе, а останала во шок кога видела каков подарок ѝ дала нејзината внука за 106-иот роденден, откако претходно побарала згоден дечко.
Нора Шо од Англија неодамна го прослави својот 106-ти роденден, а била шокирана откако нејзината внука Гил Шо (67) ѝ ја исполнила роденденската желба.
Имено, пред роденденот, Нора на својата внука ѝ рекла дека сака да добие згоден дечко, а останала во шок кога во нејзиниот згрижувачки дом на денот на роденденот дошол гол згоден батлер што на себеси носел само престилка.
Нејзината внука го ангажирала 32-годишниот Еди Бетериџ да работи како гол батлер за роденденската прослава на бабичката.
Нора вели дека била импресионирана од голите гради на нејзиниот батлер, а сакала да открие дали под престилката носи долна облека, па го замолила да ѝ подаде грицки.
„Бев шокирана кога се сврте и видов дека не носи долна облека. За да се осигурам дека не се лажам, го натерав да ми подаде и сендвичи“ – вели Нора.
Оваа 106-годишна старица вели дека е пресреќна и задоволна од тоа како го прославила роденденот.
Инаку, нејзиниот батлер Еди, работи за агенцијата Butlers in the Buff, а агенцијата тој ден одлучила сите услуги за Нора да бидат бесплатни со цел да ѝ го разубават денот.
Б. С. Б. | Црнобело