Авион се сруши на автопат и удри во камион, пилотот е неповреден - „Ме спаси тоа што не испаничив“ (видео)
- Детали
- среда, 10 август 2022
Верувале или не, пилотот од оваа авионска несреќа не само што останал жив за да раскажува што се случило, туку нема ниту една повреда на себеси.
Некогаш остануваме зачудени кога ќе погледнеме видео од катастраофални несреќи, во која нема повредени. Таква е и оваа авионска несреќа кога мал авион се срушил на автопат во Лос Анџелес (САД) и притоа удрил во камион.
Во видеото направено од луѓето што се нашле на автопатот Корона во Лос Анџелес, се гледа како авионот слетува на автопат и удира во помал камион, а по кратко време се гледа дека леталото се запалува меѓу автомобилите што се движат.
Верувале или не, и пилотот и возачот на камионот во кој удрил авионот, се во добра состојба и немаат никакви повреди.
Пилотот Ендру Чу кој управувал со малиот авион вели дека најверојатно моторите на авионот откажале.
„Како да удрив во нешто. Бевме на околу 1.500 метри во воздух кога авионот застана и наеднаш почна да паѓа. Веднаш се присетив на сѐ што сум учел и јасно ми беше дека ако не паничам, сè ќе се заврши добро“ – вели пилотот.
Според локалните власти, среќна околност во целата ситуација е тоа што немало премногу голем сообраќаен метеж, а пилотот со сопственото знаење успеал да избегне поголема трагедија.
Погледнете го видеото од несреќата:
Повеќе фотографии од авионот по несреќата:
Б. С. Б. | Црнобело