Што е дигитална номадска виза, во кои балкански земји можете да ја добиете и кои се условите за аплицирање?
- Детали
- петок, 26 август 2022
Дигитален номад е некој кој живее номадски начин на живот и користи технологија за да работи од далечина надвор од својата матична земја. Дигитална номадска виза е документ што му дава на некого законско право да работи од далечина додека живее надвор од земјата на постојан престој.
Односно, ако сте од Македонија, а сакате да живеете во друга земја и да работите онлајн, можете да престојувате таму со дигитална номадска виза. Секако во зависност од земјата, бидејќи оваа виза не е воведена низ целиот свет.
Кои се условите за добивање дигитална номадска виза?
За да добиете дигитална номадска виза условите за аплицирање вклучуваат доказ за работа на далечина, доволен годишен приход, здравствено осигурување, потврда за неосудуваност и договор за престој.
Во некои земји како што е Црна Гора можете да добиете виза за 2 години и потоа да ја продолжите за уште 2.
Во повеќето земји оваа виза доаѓа со даночни ослободувања. На пример, странските дигитални номади не подлежат на плаќање данок на доход во Хрватска и можат да аплицираат за виза од 1 година.
Пред да аплицирате треба да проверите какви барања има секоја земја.
Земји во кои можете да аплицирате за дигитална номадска виза (вклучително и 5 балкански земји):
- Ангвила
- Антигва и Барбуда
- Аруба
- Австралија
- Барбадос
- Белизе
- Бермуди
- Бразил
- Камбоџа
- Кејп Верде
- Кајмански Острови
- Колумбија
- Костарика
- Хрватска
- Курасао
- Кипар
- Чешка
- Доминиканска Република
- Обединети Арапски Емирати
- Еквадор
- Естонија
- Грузија
- Германија
- Грција
- Гренада
- Исланд
- Индонезија
- Италија
- Јамајка
- Малта
- Маурициус
- Мексико
- Црна Гора
- Монсерат
- Норвешка
- Панама
- Португалија
- Романија
- Србија
- Сејшели
- Шпанија
- Шри Ланка
- Света Луција
- Тајван
- Тајланд
- Виетнам
М. Г. | Црнобело / фото: freepik.com