Застрашувачката приказна за „куќата убиец“ во Венеција – тие што не верувале во легендите платиле со животот (фото)
- Детали
- недела, 14 август 2022
Венеција важи за едно од најромантичните и најубавите места во светот, каде најчесто туристите одат за да уживаат во возењето со гондоли по каналите, или да ги посетат историските градби, но истовремено тука се наоѓа и проколнатата Palazzo Dario, што локалното население ја нарекува „куќата убиец“. Прочитајте што се случило со сите кои ја купиле куќата во последниве 500 години.
Помалку накривена и застрашувачка, оваа палата се наоѓа веднаш покрај Големиот Канал во Венеција. Локалното население верува дека оние што ќе се осмелат да престојуваат или да ја купат Palazzo Dario или т.н. куќа убиец во Венеција веднаш ќе го загубат животот.
Легендата оди дотаму што дури и рибарите се плашат да ги прикотват бродовите во близина на проколнатата градба, а на списокот на жртви на познатата куќа убиец се и неколку славни личности.
Куќата била изградена во 1479-та година од страна на аристократот Џовани Дарио.
Куќата останала во наследство на неговата ќерка Мариета и нејзиниот сопруг Винченцо.
Според преданијата, Винченцо бил нападнат и прободен до смрт, а непосредно по него Мариета се самоубила фрлајќи се во Големиот Канал.
По овие трагедии и нивниот син Винченцо Џуниор бил убиен на Крит.
Оттука почнуваат да се нижат низа трагедии и мистерии поврзани со палатата во Венеција.