Застрашувачката приказна за „куќата убиец“ во Венеција – тие што не верувале во легендите платиле со животот (фото)

Венеција важи за едно од најромантичните и најубавите места во светот, каде најчесто туристите одат за да уживаат во возењето со гондоли по каналите, или да ги посетат историските градби, но истовремено тука се наоѓа и проколнатата Palazzo Dario, што локалното население ја нарекува „куќата убиец“. Прочитајте што се случило со сите кои ја купиле куќата во последниве 500 години. 

zastrashuvachkata-prikazna-za-kukjata-ubiec-vo-venecija-tie-shto-ne-veruvale-vo-legendite-platile-so-zhivotot-foto-01.jpg

Помалку накривена и застрашувачка, оваа палата се наоѓа веднаш покрај Големиот Канал во Венеција. Локалното население верува дека оние што ќе се осмелат да престојуваат или да ја купат Palazzo Dario или т.н. куќа убиец во Венеција веднаш ќе го загубат животот.

zastrashuvachkata-prikazna-za-kukjata-ubiec-vo-venecija-tie-shto-ne-veruvale-vo-legendite-platile-so-zhivotot-foto-02.jpg

Легендата оди дотаму што дури и рибарите се плашат да ги прикотват бродовите во близина на проколнатата градба, а на списокот на жртви на познатата куќа убиец се и неколку славни личности.

Куќата била изградена во 1479-та година од страна на аристократот Џовани Дарио.

zastrashuvachkata-prikazna-za-kukjata-ubiec-vo-venecija-tie-shto-ne-veruvale-vo-legendite-platile-so-zhivotot-foto-13.jpg

Куќата останала во наследство на неговата ќерка Мариета и нејзиниот сопруг Винченцо.

Според преданијата, Винченцо бил нападнат и прободен до смрт, а непосредно по него Мариета се самоубила фрлајќи се во Големиот Канал.

По овие трагедии и нивниот син Винченцо Џуниор бил убиен на Крит.

Оттука почнуваат да се нижат низа трагедии и мистерии поврзани со палатата во Венеција.

Да погледнеме што се случило со сите оние што се осмелиле да ја купат куќата во изминатите 500 години:

Во 19-иот век куќата ја купил ерменскиот трговец на скапоцености, Арбит Абдол, а откако банкротирал по само неколку години, морал да ја продаде палатата за минимална цена.

zastrashuvachkata-prikazna-za-kukjata-ubiec-vo-venecija-tie-shto-ne-veruvale-vo-legendite-platile-so-zhivotot-foto-12.jpg

По него, куќата ја купил британскиот научник Радон Браун. Во период од 4 години по купувањето на куќата, почнал да се соочува со финансиски проблеми откако било откриено дека има романтична врска со друг маж. Скандалот бил толку голем што во 1844-та година Радон извршил самоубиство и го убил и партнерот.

zastrashuvachkata-prikazna-za-kukjata-ubiec-vo-venecija-tie-shto-ne-veruvale-vo-legendite-platile-so-zhivotot-foto-18.jpg

Проколнатата палата по ова била во сопственост на американецот Чарлс Бригс, кој заради гласините за неговата хомосексуалност морал да побегне во Мексико, каде неговиот љубовник извршил самоубиство.

zastrashuvachkata-prikazna-za-kukjata-ubiec-vo-venecija-tie-shto-ne-veruvale-vo-legendite-platile-so-zhivotot-foto-08.jpg

По ова, палатата стоела празна со години, сѐ додека во 1964-та година тенорот Марио дел Монако не започнал преговори за да ја купи. Дента кога требало да го потпише финалниот договор доживеал страшна сообраќајна несреќа, во која едвај останал жив, по што се откажал од палатата.

zastrashuvachkata-prikazna-za-kukjata-ubiec-vo-venecija-tie-shto-ne-veruvale-vo-legendite-platile-so-zhivotot-foto-17.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Од Англија се преселив во Бугарија – конечно си ја купив куќата од соништата“ (видео) Британка која со семејството се преселила во Бугарија вели дека платила 26.000 е...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg