Земјата тоне заради пренаселеност, национално јадење е смрдливо тофу - Факти за Тајван
- Детали
- петок, 05 август 2022
За Тајванците е вообичаено кога ќе ве сретнат наместо да ве прашаат „како сте?“, да ве прашаат „дали јадевте?“ Тајван е една од најгусто населените земји во светот, а само околу 2.3% од населението се Тајванци – факти за Тајван.
Што е она што е карактеристично за Тајван, што би требало да го знаете доколку некогаш помислите да ја посетите земјата? Што е она што ја карактеризира и ја прави уникатно место?
Во прдолжение проследете неколку интересни факти за Тајван:
Кое е вистинското име на Тајван?
Во јавноста е најпознат како Тајван, но ова е името на островот, познат и како Формоза, каде што се наоѓа државата Република Кина со главен град Тајпеи.
Треба да се направи разлика меѓу Народна Република Кина (копнен дел од Азија) и Република Кина (остров Тајван).
Жителите на Тајван со години наназад се борат за независност, додека Народна Република Кина, не го признава нејзиниот суверенитет.
Тајван е една од најгусто населените земји
Тајван по големина е како Белгија, а воедно се наоѓа на 57-мото место на најгусто населени земји на планетата. Во 2020-та година било утврдено дека на површина од 36.000km2 живеат 23.57 милиони луѓе.
Со други зборови земјата има проблеми со пренаселеност. Заради преголемата населеност, голем број луѓе се селат во планините и се занимаваат со земјоделство и градат фабрики, што од друга страна негативно влијае врз животната средина.
Површината на земјата се намалува
Заради климатските промени и преголемата населеност, Тајван се соочува со големи проблеми.
Се очекува дека до 2040-та година околу 1.398km2 од островот ќе потонат под вода, со што ќе биде загрозена егзистенцијата на околу 1.2 милиони луѓе.
Од целото население само 2,3 отсто се Тајванци
Според последните податоци околу 97.7% од населението во Тајван се Кинези.
Ова се должи на тоа што островот бил 200 години под кинеска власт.
Во периодот од 1683-та до 1895-та година со Тајван владеела кинеската династија Кинг и во тој период локалното тајванско население било истиснато слично како што тоа се случило со Индијанците и Абориџините во САД и Австралија.