Сијамски близначиња успешно разделени по 27-часовна операција со речиси 100 доктори - многу радост, солзи, прегратки
- Детали
- понеделник, 01 август 2022
Успешно заврши една од најкомплексните операции за разделување на сијамски близнаци досега. Тригодишните Бернардо и Артур Лима од Бразил сега ќе закрепнуваат и потоа ќе имаат среќен и самостоен живот...
Бернардо и Артур Лима се 3-годишни сијамски близнаци од Бразил родени со споени глави и мозоци.
Тие имаа 27-часовна операција за разделување, во која учествуваа речиси 100 доктори. Операцијата се одржа во болницата „Great Ormond Street Hospital“.
Пред тоа на нив биле извршени 7 други операции во Рио де Жанеиро.
Докторите кои ја извеле операцијата велат дека била еден од најкомплексните процеси за разделување на сијамски близнаци досега.
Тие со месеци правеле снимки и испитувања, пред да се осмелат на операција. При самиот процес виртуелно учествувале и доктори од други земји.
Ова не бил прв обид за разделување на близнаците, но бил прв успешен. Завршил со многу прегратки и солзи радосници.
Близнаците ќе закрепнуваат 6 месеци во болница и се очекува да имаат долг и среќен живот.
С. С. | Црнобело