Руанда – единствената земја во светот со која владеат повеќе жени од мажи, тие го вратиле животот таму
- Детали
- петок, 29 јули 2022
Руанда се наоѓа во источно-централна Африка и е република без излез на море. Позната е по пејзажите кои го одземаат здивот, Руанда често се нарекува и „земја на илјада ридови“.
Главен град е Кигали, а мајчиниот јазик во оваа земја е кињарванда, иако англискиот и францускиот јазик, исто така, се широко разбрани низ целата земја.
По 100 дена војна во 1994 година, општеството во Руанда било оставено во хаос, а бројот на загинати бил помеѓу 800.000 и 1 милион, меѓу кои повеќето биле мажи. По геноцидот, населението на Руанда од 5,5 до 6 милиони останало на 60% до 70% женско население.
Повеќето од овие жени никогаш не биле образовани или воспитани за да градат кариера или да водат држава, а нивната единствена работа била во својот дом и на полињата.
Што се променило по геноцидот?
Во 2003 година, новата институција во земјата донела одлука 30% од пратеничките места да бидат резервирани за жени. Владата, исто така, го охрабрила образованието на девојчињата и жените.
Така, жените го вратиле животот во Руанда со што продолжиле да ги водат бизнисите на своите сопрузи, започнале да се вклучуваат во политика, да учат и да се надоградуваат.
После неколку години на жените им биле назначени лидерски улоги, како владини министри и шефови на полицијата.
Денес во Руанда:
- 64% од владата се жени
- 4 од 7 судии на врховниот суд се жени
- 82% од жените се вработени
Економијата на Руанда се издигнала многу после геноцидот и земјата напредувала во голема мера.
Изведувањето на жените од домот и полињата било од суштинско значење за обновата на државата, а денес Руанда е доказ дека промовирање еднаквост во секое поле дава огромни финансиски придобивки и може да им помогне на многу земји кои се во процес на развој.
М. Г. | Црнобело