Скандалозна приказна од реалноста: „Се сликав гола и фотките ги зачував на мејл – ми ги објавија на сајт за возрасни и коментираа погрдно“
Молбите и писмата што жртвите му ги упатувале завршувале на посебен дел од неговата веб страна, каде во коментари неговите следбеници пишувале навредливи коментари од типот: „К*рва“, „О*оспија“, „Зошто се фотографирала гола, ако не сакала да заврши на интернет?“
Сепак, во 2012-та година со објавувањето на фотографиите на Кајла Лавс, Хантер не бил ниту свесен дека самиот го означил почетокот на низа случувања што ќе значат негов пад и конечно рушење на митот што тој го изградил за себеси.
Во филмот се појавуваат повеќе жртви чии фотографии се нашле на веб-страната, а речиси сите имаат слична приказна: Фотографирале интимни фотографии, ги зачувале на мејл, по неколку денови добиваат порака за сомнителни активности на нивниот мејл и порака за промена на лозинка, по што по неколку дена се будат и добиваат по 100 нови известувања на социјалните мрежи.
„Се разбудив и прво нешто што забележав е дека имам 100 нови нотификации на Фејсбук. Ми пишуваа непознати мажи со предлози да се сретнеме, со закани, со навреди“ – вели една од жртвите во филмот, која признава дека не можела да го издржи притисокот, па дури посегнала и по сопствениот живот.
Благодарение на мајката на Кајла, Шарлот Лавс, која била неуморна во борбата да ги симне фотографиите на ќерка ѝ од скандалозната веб страна и да им помогне на жртвите чијшто живот бил уништен, но и на еден поранешен маринец, кој сакал да направи сѐ за да им се спротивстави на силеџиите, Хантер прво ќе ја загуби страната во 2012-та година, а во 2014-та година конечно ќе биде сместен зад решетки.
Имено, Шарлот успеала да докаже дека Хантер фотографиите ги добива со помош на хакирање и заедно со неговиот соучесник ќе биде осуден на 2.5 години затворска казна и ќе му биде забранет пристап до Фејсбук.
Филмот е поучен за сите – нѐ учи како најмалото невнимание при користењето на новата технологија може во целост да ни го промени животот, но и за тоа дека сите регулативи што се спроведуваат во користењето на интернетот во најмала рака овозможуваат поголема безбедност за сите.
Најновиот документарец предизвика низа реакции на социјалните мрежи, а луѓето се згрозени од однесувањето на „Најомразениот човек на интернет“, но и од однесувањето на нивните следбеници кои безусловно го следеле и му помагале во уништувањето на човечките животи.
Погледнете го трејлерот за филмот:
https://www.youtube.com/watch?v=ySFpxEdKxMw
Б. С. Б. | Црнобело