Некогашната најубава прва дама Карла Бруни (54) е бикини божица, без грам целулит - на јахта со Никола Саркози
- Детали
- петок, 29 јули 2022
Никола Саркози (68) и Карла Бруни (54) разменуваат нежности на јахта на шпанскиот остров Форментера. Која е нејзината тајна за фит изглед и во шестата деценија од животот?
Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози (68) ужива со сопругата, моделот и пејачка Карла Бруни (54), на јахта на шпанскиот остров Форментера.
Некогашната најубава прва дама на Франција и сега е прекрасна и изгледа фит и негувано во црно монокини. Но, и Саркози изгледа одржано за годините.
Парот стапи во брак во 2008 година во Париз, по првата година од неговиот претседателски мандат.
Режимот на Карла Бруни вклучува вежби два часа на ден, како пилатес и вртење на статичен велосипед.
Таа неодамна се појави на модно шоу на Balmain, а беше дел и од една рекламна кампања на Yves Saint Laurent's.
Бруни секогаш вели дека најважна за една жена не е убавината, туку шармот и харизмата.
Парот ужива на одмор во Шпанија:
С. С. | Црнобело