Загадената вода се прочистува со позитивни емоции и уште неколку верувања на Ѓоковиќ за здрав и среќен живот
- Детали
- недела, 31 јули 2022
Новак Ѓоковиќ e актуелен шампион во светот на тенисот и е идол на многумина, па затоа неговотo име веќе од одамна ни е многу познато.
Новак во 2010 година речиси реши да се откаже од тенисот. Тој постојано имал здравствени проблеми во оваа фаза од неговата кариера, како и проблеми со дишењето.
Ѓоковиќ вели дека неговата кариера и живот нашле нов правец кога со повеќе последователни вежби, лекар открил дека телото на Новак е многу чувствително на глутен.
Така тој целосно се откажал од глутенот и радикално ја променил исхраната.
Кои се верувањата на Новак за долг, здрав и среќен живот?
Загадената вода може да се прочисти со „позитивни емоции“
Новак смета дека додека пиете вода треба навистина да бидете присутни и да сте свесни за фактот дека пиете вода.
Тој тврди дека познава некои луѓе кои преку таа енергична трансформација, преку моќта на молитвата, преку моќта на благодарноста, успеваат да ја претворат најтоксичната храна или најзагадената вода, во најлековитата.
Исто така споделува дека научниците веќе докажале дека молекулите во водата реагираат на нашите емоции.
Бидете во моментот
Тој верува дека треба секој ден да најдете време да бидете без телефони и да не водите нервозни и конфликтни дискусии на маса со вашите блиски за време на вашиот оброк.
Јога или тај чи за да бидете посмирени
Новак верува дека кога го започнува денот со јога или тај чи се чувствува посмирено во текот на целиот ден.
За ова не ви се потребни часови, но 20 минути се доволни за да добиете енергија. Потоа, Новак продолжува со појадок кој никогаш не го менува.
Започнете го денот со топла вода и лимон
Новак го почнува денот со топла вода и лимон за да му помогне на своето тело да се детоксицира. Киселината во лимонот го помага варењето со тоа што помага да се разложи храната.
Понекогаш го започнува денот и со сок од целер, а потоа Ѓоковиќ продолжува со зелено смути богато со хранливи материи.
Не јадете храна која бара многу енергија за варење
Новак не сака да јаде храна која бара многу енергија за варење, особено во првиот дел од денот, бидејќи тогаш му треба најмногу енергија за неговиот тренинг. Ужива во житарки, киноа, ориз и сладок компир.
М. Г. | Црнобело