Исповед на жена: „Имав силни желудочни киселини и го загубив гласот – како изгледа мојата секојдневна комуникација?“

„Со ќерка ми комуницирам само преку пораки и белешки, не можам да пеам заедно со неа. Не можам на цел глас да ѝ викнам дека е време да тргне во училиште. Постојат многу работи што не можам да ги направам“ – вели жената што заради повреда на гласните жици, го загубила гласот.

ispoved-na-zhena-go-zagubiv-glasot-od-jaki-zheludochni-kiselini-ne-bev-nitu-svesna-kako-toa-kje-se-odrazi-vrz-site-aspekti-od-mojot-zhivot-01.jpg

Иако со денешната технологија, некогаш ви се чини дека воопшто нема потреба да говорите за да се разберете со луѓето и сосема слободно можете да контактирате со пораки и со пишување, сепак вистинската приказна на оваа авторка покажува колку животот се менува ако ненадејно го загубите својот глас преку ноќ.

Џена Глацер е новинарка и писателка на која ѝ бил дијагностициран sulcus vocalis, односно оштетување на гласните жици по што има периоди кога повремено целосно го губи гласот, а во деновите кога е во можност да говори, најчесто гласот ѝ е зарипнат.

View this post on Instagram

A post shared by Jenna Brooks (@ghostwriterjenna)

Во подолга статија за Insider таа опишува со какви предизвици се соочува откако го загубила гласот.

Нејзината статија ви ја пренесуваме во целост:

„Нема на што...

Секојпат кога некој ќе ми ја задржи вратата отворена, се плашам дека ќе ми ги каже овие зборови затоа што смета дека не сум учтива и не сакам да му кажам: ‘Ти благодарам’.

Не дека не сакам. Туку не можам.

Пред три години добив дијагноза дека боледувам од sulcus vocalis: оштетување на гласните жици. Никој не знае која е причината за болеста, но веруваат дека тоа се случило заради јаките желудочни киселини што стигнале до моето грло, или дека сум претрпела повреда за време на вградување на цевка за дишење кога ми правеа операција на синусите.

Заради оштетувањето имам проблеми со гласот. Терапиите не ми помогнаа, а се верува дека со операција може само повеќе да се влоши состојбата.

View this post on Instagram

A post shared by Jenna Brooks (@ghostwriterjenna)

Во добрите денови, гласот ми е како зарипнат. Во лошите денови, целосно не можам да говорам и чувствувам како грлото целосно да ми се затвора – вообичаено тоа трае по недела и пол, но во моментов трае месец и половина.

Кога немате проблеми со гласот, можноста да говорите ја земате здраво за готово. Никогаш и не помислував колку можам да загубам затоа што нема да бидам во можност да говорам.

Секојдневната комуникација во целост ми се промени. Не можам да нарачам храна или да прашам некого за насока освен ако не го напишам тоа во посебна апликација на телефонот и да се молам личноста пред мене да има доволно трпение и разбирање.

Честопати закачувам знак на чантата и покажувам кон него ако има потреба, а на него пишува: ‘Јас сум нема’.

Не можам да разговарам на телефон, па користам посебна апликација што ми дозволува да напишам што сакам и операторот го чита тоа на личноста што сум ја повикала. Потоа операторот повторно ми го пишува нивниот одговор.

Дома, со ќерка ми комуницирам само преку пораки и белешки, дури и кога седи до мене.

Не можам да ѝ поставувам прашања за тестовите по изговор за шпански јазик. Не можам да пеам заедно со неа. Не можам на цел глас да ѝ викнам дека е време да тргне во училиште. Постојат многу работи што не можам да ги направам.

Најголемата пречка е на работното место. Како новинар, зависам од можноста да правам интервјуа во живо, а понекогаш тоа трае и со часови. Во последните шест недели не бев во можност да работам.

Нашиот свет во голема мера зависи од говорот и тешко е дури и денес во дигиталната ера да поминете еден ден без да говорите - соседот ви вели: ‘Здраво’, човек во маркет ве прашува дали знаете каде е пастата за заби, касиерката ве прашува дали ќе донирате пари во кутијата за донации, некој ви дава комплимент за маичката...

Сите овие навидум неважни разговори ве исполнуваат: ние сме суштества што имаат потреба да се поврзуваат, да разговараат со луѓе и кога не можам да дадам свој придонес во комуникацијата се чувствувам мошне осамено.

Мојот глас ќе се врати по некое време, иако тоа нема да биде постојано, а тоа ме научи дека нештата сум ги гледала погрешно.

Кога ќе видите луѓе што пишуваат пораки додека седат во ресторан, тоа не значи дека се игнорираат, туку дека разговараат на поинаков начин и ако некој не ви рече ‘благодарам’ кога ќе му ја отворите вратата, тоа можеби е, затоа што не може.“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
„Шетаат боси во канцеларија, одат голи во сауна: Што ме изненади најмногу кај Финците?“ „Она што не го знаев сè додека не се преселив таму е дека културната норма е во ...
„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg