Студент од Тексас посвојува бебе, кое го пронашол во корпа за отпадоци

„Кога го најдов тој имаше само 4 месеци, сега има речиси 5 години. Кога се разбудив тој ден не бев свесен дека животот ќе ми се промени засекогаш. Тоа утро слушнав како луѓето се расправаат околу корпата за отпадоци, што да се прави со ова мало бебе, но никој не сакаше да му помогне. Сите само зјапаа во него. Тоа плачеше и јас му ја видов болката во очите, па морав да направам нешто...“, раскажува Џими Амисијал (27), студент од Хаити, кој живее во Тексас.

student-od-teksas-pronashol-bebe-vo-korpa-za-otpadoci-na-22-godini-sega-go-posvojuva-01.jpg

Џими Амисијал (27), студент кој живее во Тексас, додека бил на одмор во својот роден град на Хаити пронашол напуштено бебе во корпа за отпадоци и оттогаш животот му се променил.

Настанот се случил кога тој имал 22 години.

student-od-teksas-pronashol-bebe-vo-korpa-za-otpadoci-na-22-godini-sega-go-posvojuva-08.jpg

Тој одел кон сиропиталиштето, каде волонтирал, кога видел група тинејџери собрани околу корпа за отпадоци во близина.

Заинтригиран ѕирнал што има внатре и видел бебе прекриено со инсекти. Отпосле дознал дека бебето тогаш било на само 4-месечна возраст.

Џими веднаш го земал бебето и го однел во својот семеен дом, каде заедо со мајка му го избањале, нахраниле и облекле бебето, а потоа го однеле на лекарски преглед.

student-od-teksas-pronashol-bebe-vo-korpa-za-otpadoci-na-22-godini-sega-go-posvojuva-04.jpg

Го пријавиле инцидентот во полиција, но потрагата по родителите на бебето била неуспешна.

Судијата го прашал Џими, кој тогаш имал само 22 години, дали би сакал да биде законски старател на бебето и тој се согласил.

Оттогаш Џими постојано е на релација Тексас – Хаити, затоа што бебето Емилио Ејнџел Еремија живее таму со мајката на Џими.

student-od-teksas-pronashol-bebe-vo-korpa-za-otpadoci-na-22-godini-sega-go-posvojuva-02.jpg

Сега, Џими и официјално поднел барање за да го посвои Емилио и официјално да му стане татко.

„Кога го најдов тој имаше само 4 месеци, сега има речиси 5 години. Кога се разбудив тој ден не бев свесен дека животот ќе ми се промени засекогаш. Тоа утро слушнав како луѓето се расправаат околу корпата за отпадоци, што да се прави со ова мало бебе, но никој не сакаше да му помогне. Сите само зјапаа во него.

Тоа плачеше и јас му ја видов болката во очите, па морав да направам нешто. Кога го однесов дома мајка ми прво беше шокирана, но потоа веднаш се понуди да направи што е потребно за да му помогнеме.

Многу денови не спиев и размислував што да правам обидувајќи се да донесам одлука, затоа што знаев дека мојата мајка се бори со финансиите и со плаќањето на мојот факултет, но јас немав татко при растењето и се соочував со нестабилност и несигурност, па нешто во мене ми велеше дека настанот со бебето се случи со причина и тогаш одлучив да го растам со помош на мојата мајка.“

student-od-teksas-pronashol-bebe-vo-korpa-za-otpadoci-na-22-godini-sega-go-posvojuva-05.jpg

Џими вели дека бебето го крстил Емилио и оттогаш учи како да биде родител, дека ѝ е благодарен на мајка си за помошта, а дека сега започнува и правна битка за да го посвои Емилио легално.

„Забавно беше да се гледа како расте, радост е да се биде околу него. Тој е посебно мало момче и горд сум на него. Навистина се чувствувам како татко и возбуден сум дека сега и со документација Емилио ќе биде мој син.

Мило ми е што ја имав можноста да го трансформирам неговиот живот од бебе напуштено во корпа за отпадоци до непроценливо богатство за мене.“

student-od-teksas-pronashol-bebe-vo-korpa-za-otpadoci-na-22-godini-sega-go-posvojuva-10.jpg

student-od-teksas-pronashol-bebe-vo-korpa-za-otpadoci-na-22-godini-sega-go-posvojuva-09.jpg

student-od-teksas-pronashol-bebe-vo-korpa-za-otpadoci-na-22-godini-sega-go-posvojuva-07.jpg

student-od-teksas-pronashol-bebe-vo-korpa-za-otpadoci-na-22-godini-sega-go-posvojuva-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
„Моите деца се родија со 24 дена разлика – по 2 спонтани абортуси, останав бремена во исто време со ... „Лекарот ми рече дека немам потреба од ин витро. Јас останував бремена и не ми т...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg