„Ќерка ми (1) има Синдром на коса која не може да се чешла – се гордеам затоа што е посебна“

„Кога имаше една година, косата на Лејла беше густа, а потоа почна да расте само нагоре. Сега ја споредуваат со Ајнштајн...“ – вели мајката на 17-месечната Лејла Дејвис која има Синдром на коса што не може да се чешла. Таа е горда што нејзината ќерка е една од ретките дечиња родени со овој синдром.

kjerka-mi-1-ima-sindrom-na-kosa-koja-ne-mozhe-da-se-cheshla-se-gordeam-zatoa-shto-e-posebna-01.jpg

Колку и да се обидувате да ја исчешлате, косата на малата Лејла Дејвис од Англија не може да се исправи, туку стрчи во сите правци. Таа е една од ретките деца што ја добила дијагнозата за овој синдром.

Лејла има само 17 месеци, а мајка ѝ вели дека заради фризурата малото девојче го споредуваат со Ајнштајн и со британскиот политичар Борис Џонсон.

„Кога имаше една година, косата на Лејла беше густа, а потоа почна да расте само нагоре. Се гордеам што добивме таква дијагноза, затоа што тоа е мошне редок синдром, само 100 луѓе во светот имаат таква коса.

Мислам дека таа иако е мала, сфаќа колку е уникатна. Сакам кога ќе порасне да знае дека е прекрасна иако изгледа поразлично од другите луѓе“ – вели мајката на Лејла, Шарлот Дејвис.

kjerka-mi-1-ima-sindrom-na-kosa-koja-ne-mozhe-da-se-cheshla-se-gordeam-zatoa-shto-e-posebna-02.jpg

Според студија од 2016-та година, објавена во The American Journal of Human Genetics, овој синдром се јавува како последица на мутација на гените што се одговорни за изгледот на косата.

Лејла има свој Инстаграм профил, каде се објавени нејзини фотографии.

„Во светот има околу 7,8 милијарди луѓе, а само околу 100-тина имаат синдром на коса што не се чешла. Јас сум една од тие среќни луѓе“ – стои во описот на нејзината Инстаграм страна.

Погледнете неколку нејзини фотографии:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg