Исповед на девојка: „Добив труење од сонце, по третманот во болница 3 дена чекав отокот да опадне“
- Детали
- сабота, 30 јули 2022
„Се обидов да ги отворам очите кога се разбудив, но не можев да ги отворам во целост. Бев шокирана кога се погледнав во огледало и видов колку ми е отечено лицето“ - раскажува оваа девојка од Англија која добила труење предизвикано од екстремни изгореници од сонце.
Руби Бруер (23) од Англија, објави фотографии на кои се гледа драстичната промена на нејзиното лице и врат откако добила алергиска реакција заради прекумерна изложеност на сонце.
Отокот на нејзиното лице бил толку голем, што практично и очите ѝ биле во целост затворени.
На почетокот од месецот Руби заедно со другарките била на фестивал на отворено, а во брзањето да излезе од дома заборавила да нанесе крем со заштитен фактор.
Дента температурата била околу 26 степени Целзиусови, а таа вели дека не почувствувала никакво печење или болка додека била на отворено.
https://www.instagram.com/p/Bm8dyM4h2qJ/?utm_source=ig_web_copy_link
Два дена откако се вратила од фестивалот Руби се разбудила и не можела да се препознае во огледалото. Лицето ѝ било мошне отечено, а капаците од очите ѝ биле во целост затворени.
„Се обидов да ги отворам очите кога се разбудив, но не можев да ги отворам во целост. Бев шокирана кога се погледнав во огледало и видов колку ми е отечено лицето.
Кожата ми беше натечена и црвена, а на вратот и на рацете имав осип. Мајка ми кога стана и ме виде ми рече да не паничам и веднаш ме однесе во болница“ – раскажува таа.
Руби веднаш примила инфузија, лекови против алергија и стероиди со цел да се намали отокот, за кој се верувал дека е предизвикан од алергиска реакција на сончевите зраци.
„Ме надгледуваа околу пет часа и откако отокот се намали ми препишаа стероиди и лекови против алергија и ме пуштија дома“ – вели таа.
Руби откако била пуштена дома, направила детално истражување на Интернет и сега е уверена дека добила труење од сонце, како последица на екстремните изгореници со кои се здобила.
Како што вели, наишла на фотографии од луѓе што претходно имале вакво труење и уверена е дека и таа претрпела такви последици затоа што со часови била на сонце без заштитен фактор.
„Во наредните денови отокот опадна благодарение на терапијата, но кожата ми беше мошне затегната, ме чешаше и се чувствував ужасно“ – раскажува таа.
Сега, Руби вели дека ја научила лекцијата и од домот не излегува без заштитен фактор SPF 50 што го става под шминката, а со себеси редовно носи спреј со заштитен фактор.
https://www.instagram.com/p/CeZYGJaMFAv/?utm_source=ig_web_copy_link
Вели дека спрејот го користи секогаш кога не е во можност да нанесе заштитен фактор под шминката.
https://www.instagram.com/p/CdbZq-SM2mm/?utm_source=ig_web_copy_link
Инаку, според WebMed труењето од сонце е појава што се користи за да се опише состојбата кога некое лице има екстремни изгореници од сонце.
Оттаму посочуваат дека изгорениците може да следуваат и по само 15 минути поминати на сонце, а црвенилото и непријатноста да ги почувствувате дури по неколку часа.
Првите симптоми на труење со сонце се: црвенило на кожата, меури и нафрлање на кожата, болка, оток, но некои луѓе може да почувствуваат и главоболка, треска, гадење, вртроглавица и дехидрираност.
Доколку по изложеност на сонце почувствувате кој било од овие симптоми, потребно е веднаш да се јавите на лекар.
Б. С. Б. | Црнобело