„Бегај, морски лав“ - Вирално видео од туристи кои бегаат од плажа во Калифорнија откако ги налутиле животните
- Детали
- понеделник, 25 јули 2022
„Морските лавови спиеја на плажата, а една жена им се доближи на 1 метар до нив и се обиде да ги фотографира“ – вели жената што успеала да го сними хит-видеото во кое се гледа како туристите бегаат преплашено од огромните морски животни.
На социјалните мрежи брзо се прошири едно видео од два калифорниски морски лавови кои веднаш ја исчистија плажата во Јужна Калифорнија и ги избркаа насобраните туристи.
Лавовите брзо се движат кон присутните луѓе на плажата во Сан Диего, по што сите почнуваат да бегаат и да ги оставаат сопствените работи зад себе.
Шарлен Јена која била присутна на плажата го снимила видеото и го објави на социјалните мрежи со опис:
„Почнав да снимам затоа што навистина тоа беше смешна глетка. Да ги видите сите туристи како бегаат од огромните морски лавови. Морските лавови спиеја на плажата и ги набљудував, а една жена им се доближи на околу метар од нив и се обиде да ги фотографира, по што животните се разбудија и почнаа да ги бркаат сите присутни“ – раскажува таа.
Погледнете го видеото:
The seals be saying: "Can't a guy have some privacy? Be gone! Be gone now!!"😁🤣https://t.co/FUEP4YBbzn
— Zeeman™ (@zeeman4lifffe) July 24, 2022
Инаку, во Сан Диего на плажите се поставени знаци со кои ги потсетуваат луѓето да се држат понастрана од дивите животни, а видеото што стана хит на социјалните мрежи потсетува уште еднаш што се случува кога ќе одлучите да не им ја почитувате приватноста.
Инаку калифорниските морски лавови може да достигнат големина од 2,4 метри и тежина од 330 килограми, а се смета дека може да бидат мошне опасни и да нанесат сериозна повреда на луѓето што ги вознемириле.
Б. С. Б. | Црнобело