Швајцарија им дозволува на граѓаните да го заштедат и депонираат своето време во банка - дали овој концепт би успеал во Македонија?

Сите сме ја слушнале фразата „времето е пари“, нели? Швајцарија како земја направи чекор подалеку во вистинската примена на овој концепт. Што значи тоа и дали би успеало во Македонија? 

shvajcarija-im-dozvoluva-na-gragjanite-da-go-zashtedat-i-deponiraat-svoeto-vreme-vo-banka-dali-ovoj-koncent-bi-uspeal-vo-makedonija-001.jpg

Швајцарските државјани всушност можат да го „заштедат и депонираат“ своето време во банки, па дури и да го заменат за посакуваните стоки и услуги.

Звучи лудо, но, тоа е вистина.

Што значи концептот „банка за време“?

Швајцарското Министерство за здравство го создаде концептот „временска банка“ како програма за помош на стари лица, според која помладите луѓе можат доброволно да се грижат за старите лица на кои им е потребна помош.

Потоа, бројот на часови што ги поминуваат со постарите лица е депониран на нивната индивидуална сметка за социјално осигурување.

Кога волонтерот ќе ја достигне таа старост кога ќе му треба поддршка, оваа „временска банка“ може да му помогне и да се грижи за волонтерот.

shvajcarija-im-dozvoluva-na-gragjanite-da-go-zashtedat-i-deponiraat-svoeto-vreme-vo-banka-dali-ovoj-koncent-bi-uspeal-vo-makedonija-03.png

Освен грижа за стари лица, услугите засновани на време, кои можат да се дадат на оние на кои им е потребно, вклучуваат консултации, чување деца, фризерски услуги, градинарство, менторство или која било друга работа што одзема повеќе време.

shvajcarija-im-dozvoluva-na-gragjanite-da-go-zashtedat-i-deponiraat-svoeto-vreme-vo-banka-dali-ovoj-koncent-bi-uspeal-vo-makedonija-02.png

Кои други земји го применуваат овој концепт?

Изненадувачки, ова не е нов концепт за светот. Покрај Швајцарија, околу 34 земји веќе почнале да го применуваат, вклучително и Англија која веќе го усвои планот кој започна во 2000 година, како и САД, Јапонија, Нов Зеланд, Шпанија, Грција, Индија и други.

Сингапур, исто така размислува да го стори истото, а дали ова би успеало во Македонија?

M. Г. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Моите деца се родија со 24 дена разлика – по 2 спонтани абортуси, останав бремена во исто време со ... „Лекарот ми рече дека немам потреба од ин витро. Јас останував бремена и не ми т...
Каде се денес вистинските ликови од „Griselda“, новата популарна серија на Нетфликс? Синот на Гризелда води успешен бизнис со марихуана, додека нејзиниот сопруг е мр...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“ Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа А...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg