Илон Маск по гласините за аферата со сопругата на најдобриот пријател: „Не сум имал секс со години“

„Гласините не се точни“ - милијардерот Илон Маск се огласи на Твитер по пишувањата дека наводно имал афера со сопругата на неговиот пријател Сергеј Брин (ко-основач на Google) и дека му го растурил бракот.

ilon-mask-po-glasinite-za-aferata-so-soprugata-na-najdobriot-prijatel-ne-pomnam-koga-posleden-pat-sum-imal-seks-01.jpg

Во голем број од медиумите изминатиот викенд се појави информација дека ексцентричниот милијардер Илон Маск (51) е главен виновник за распаѓањето на бракот помеѓу коосновачот на Google, Сергеј Брин (41) и неговата сопруга Никол Шанахан (33).

ilon-mask-po-glasinite-za-aferata-so-soprugata-na-najdobriot-prijatel-ne-pomnam-koga-posleden-pat-sum-imal-seks-02.jpg

Според сторијата објавена во Wall Street journal, аферата меѓу Никол и Илон довела до тоа двајцата бизнисмени да ги прекинат пријателските односи, иако Сергеј Брин му позајмил на Маск пари и му помогнал во периодот кога неговата компанија „Тесла“ се справувала со криза.

ilon-mask-po-glasinite-za-aferata-so-soprugata-na-najdobriot-prijatel-ne-pomnam-koga-posleden-pat-sum-imal-seks-04.jpg

Наводно, Маск го молел Брин да му прости и да ги подобрат пријателските односи.

ilon-mask-po-glasinite-za-aferata-so-soprugata-na-najdobriot-prijatel-ne-pomnam-koga-posleden-pat-sum-imal-seks-03.jpg

Илон Маск, кој деновиве го тресат и други скандали, како судењето со Твитер, но и веста дека во тајност добил близнаци со своја вработена, се огласи на социјалните мрежи и веднаш ги негираше сите пишувања.

„Ова е тотално сра*е. Сергеј и јас сѐ уште сме пријатели и заедно бевме на забава минатата ноќ! Со Никол сум се видел само двапати во три години и секогаш околу нас имаше многу луѓе. Немало ништо романтично меѓу нас“ – напиша тој, а потоа одлучи да сподели уште еден детаљ за сопствениот приватен живот.

ilon-mask-po-glasinite-za-aferata-so-soprugata-na-najdobriot-prijatel-ne-pomnam-koga-posleden-pat-sum-imal-seks-05.jpg

„Не сум имал секс со години (воздишка)“.

ilon-mask-po-glasinite-za-aferata-so-soprugata-na-najdobriot-prijatel-ne-pomnam-koga-posleden-pat-sum-imal-seks-06.jpg

Инаку, Сергеј, кој е осми по ред најбогат човек во светот, во јануари годинава поднесе документи за развод со неговата сопруга Никол.

Според Сергеј причина за развод биле ненадминливите разлики меѓу сопружниците, но дел од медиумите шпекулираат дека главна причина бил Маск.

Прочитајте и „Како никогаш да не видел сонце “ – Илон Маск хит на Твитер со новите фотки од одморот во Грција

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
Близнаци милијардери обвинети за силување: „Во една вечер ме нападнаа и двајцата“ Им подметнувале на девојките дрога, ги носеле сосила во нивниот стан или на заба...
16 години ја крие од целиот свет – Која е сопругата на „крвавиот принц“ од Саудиска Арабија? Западните медиуми пишуваат дека еднаш била толку претепана што морала да заврши ...
„Имам 75 години и танцувам на шипка – Пријателите ми свртеа грб, но јас го живеам мојот сон“ „Немав поим дали можам да танцувам на моја возраст и со моите болести, но не сам...
Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
Се шпекулира дека ѝ е татко на Клои Кардашијан, одговараше за двојно убиство: Кој е О. Џ. Симпсон? По вчерашната вест за смртта на О. Џ. Симпсон, јавноста се присетува на шпекулац...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg