Ѝ подметнале бомба во станот, сопругот ѝ го препишал цело богатство – Факти за Сандра Мелниченко, Србинката омажена за богат руски милијардер
- Детали
- сабота, 03 септември 2022
Со избувнувањето на војната во Украина рускиот милијардер целото богатство го префрли на неговата сопруга Сандра Мелниченко, која по потекло е од Србија. Таа денес е една од најбогатите Србинки во светот, а вели дека е напорно да се биде сопруга на милијардер. Што знаеме за неа?
Богатството на Андреј Мелниченко се проценува дека е помеѓу 15 и 17 милијарди долари и тој важи за еден од најбогатите луѓе во Русија. Тој и Сандра се во брак од 2005-та година, а заедно ги добија ќерката Тара и синот Адријан.
Александра, или Сандра Мелниченко е најдобра другарка со Ева Кавали, сопругата на познатиот моден дизајнер Роберто Кавали, а од балканските простори со Нина Бадриќ.
Во продолжение да проследиме неколку интересни факти за неа што можеби не сте ги знаеле.
Сандра Мелниченко (моминско Николиќ) е српска поп пејачка и манекенка која својата кариера почнала да ја гради на возраст од само 15 години кога со нејзините родители почнала да патува во Милано, Париз и Лондон каде работела на модни ревии за голем број познати модни куќи.
Во Србија е позната по тоа што се појавила во повеќе видео спотови на познати српски пејачи, меѓу кои и во Grlica на Жељко Самарџиќ и во спотот за Noć mi te duguje на Здравко Чолиќ.
https://www.youtube.com/watch?v=-q-oS1LjuU4
Од 17 години била членка на групата Models. Познато е дека била во врска со поранешниот фудбалер Владимир Ивиќ, но и со кошаркарот Марко Јариќ. Гаги Џогани во една прилика изјави дека тие двајца биле во врска во периодот кога таа имала 14 години, а тој 19.
Во 2003-та година на југот на Франција се запознала со Андреј Мелниченко, со кого стапила во брак 2 години подоцна. Парот направи луксузна тридневна свадба во Кан која чинеше 30 милиони долари, а гостите ги забавуваа Витни Хјустон, Кристина Агилера и Енрике Иглесијас.
На свадбата Сандра носеше венчаница од Вера Ванг и тијара од Грејс Кели, која ѝ била подарок од сопругот.