Девојка има необична амнезија: „Се будам и мислам дека имам 6 години, свршеникот го обвинувам дека е киднапер“

„Заспав, а кога се разбудив мислев дека имам 6 години. Го видов свршеникот и мислев дека е киднапер и педофил и се обидов да викнам полиција“ – раскажува оваа 29 годишна девојка од Англија, кај која стресот и недостатокот на сон предизвикуваат амнезија и заборава која е и каде е.

devojka-ima-neobichna-amnezija-se-budam-i-mislam-deka-imam-6-godini-svrshenikot-go-obvinuvam-deka-e-kidnaper-01.jpg

Клои Бернард (29) страда од ретко пореметување на мозокот што предизвикува понекогаш да ги заборави последните 23 години од нејзиниот живот.

Во тие моменти, за себеси верува дека има само 6 години, а нејзиниот свршеник мора да им се јави на нејзините родители за да ѝ објаснат кој е тој.

devojka-ima-neobichna-amnezija-se-budam-i-mislam-deka-imam-6-godini-svrshenikot-go-obvinuvam-deka-e-kidnaper-02.jpg

Се верува дека нејзината состојба е предизвикана од претрпен мозочен удар, а количината на работи од својот живот што ги заборава се менува. За среќа, не се работи за постојана амнезија, туку за кратки епизоди.

Понекогаш мисли дека е тинејџер, а некогаш мисли дека е дете на возраст од 6 години.

devojka-ima-neobichna-amnezija-se-budam-i-mislam-deka-imam-6-godini-svrshenikot-go-obvinuvam-deka-e-kidnaper-07.jpg

Како што раскажува, еднаш во неколку месеци ѝ се случува да заспие и да верува за себеси дека е многу помлада, а времената амнезија најчесто е предизвикана од стрес или од недостаток на сон.

Дополнително, лекарите веруваат дека оваа состојба е предизвикана од мозочниот удар што го претрпела кога имала 19 години.

devojka-ima-neobichna-amnezija-se-budam-i-mislam-deka-imam-6-godini-svrshenikot-go-obvinuvam-deka-e-kidnaper-04.jpg

Дијагнозата ја добила во 2018-та година откако во еден миг додека одела кон локалниот паб со своето момче Џејмс со кого тогаш била пет години во врска, наеднаш почнала да не го препознава и заборавила како да вози.

Нејзиниот свршеник сфатил дека нешто не е во ред со неа, по што направиле тестирања.

„Може да ми се случи да се вратам на која било возраст. Еднаш ми се случи да се вратам на 6-годишна возраст и тоа беше страшно.

Вечерта имавме расправија со свршеникот Џејмс, му се налутив и си легнав порано. Во текот на вечерта нешто ме разбуди.

Тргнав да одам надолу по скалите и на нив имаше безбедносна врата. Не ја препознав куќата, но верував дека сум дома заради вратата за деца, а во својата свест јас имав само 6 години.

Партнерот седеше на каучот заедно со кучето, за кое не знаев дека е мое. Седнав на скалите и го прашав кој е тој и чие е кучето?“ – раскажува Клои.

devojka-ima-neobichna-amnezija-se-budam-i-mislam-deka-imam-6-godini-svrshenikot-go-obvinuvam-deka-e-kidnaper-05.jpg

Како што вели, нејзиниот партнер знаел дека не треба да паничи, се обидел да ја врати во спалната соба и си легнал во креветот целосно гол и ѝ рекол да се легне, на што таа го обвинила дека е педофил и му рекла веднаш да ги викне нејзините родители.

„Се обидов дури и да се јавам во полиција, но тој ми го зема телефонот. Не сакав да ме допре. Најдов француски клуч и му реков дека ќе го удрам доколку му се доближи.

Тој ме смири и ми кажа дека тој ги познава моите родители, по што им се јави и тие ми ја објаснија целата ситуација. Кога се разбудив следното утро сѐ беше во ред“ – појаснува таа.

devojka-ima-neobichna-amnezija-se-budam-i-mislam-deka-imam-6-godini-svrshenikot-go-obvinuvam-deka-e-kidnaper-08.jpg

Како што вели, другпат ѝ се случило да се разбуди и да мисли дека има 16 години. Нејзиниот партнер во тој миг сфатил дека таа има напад по што ѝ рекол да се качи во неговото комби и ја земал на работа заедно со него затоа што му било страв да ја остави сама.

Џејмс повторно се јавил на нејзината мајка, која ѝ објаснила дека Џејмс ѝ и свршеник и дека тие двајца се сакаат.

„Сакав да ѝ верувам, но ми беше навистина тешко. Му реков дека морам да одам во тоалет и застанавме на бензинска пумпа, а јас се обидував да им дадам знак на вработените да викнат полиција затоа што верував дека Џејмс ме киднапирал“ – раскажува таа.

devojka-ima-neobichna-amnezija-se-budam-i-mislam-deka-imam-6-godini-svrshenikot-go-obvinuvam-deka-e-kidnaper-10.jpg

Клои верува дека најголема улога за нејзините епизоди се недостатокот на сон и стресот.

Како што вели, свесна за сопствената состојба се обидува колку е можно повеќе да избегнува стресни ситуации и да се наспие, но вели дека новите епизоди доаѓаат непредвидено и никогаш не може да знае кога следен пат ќе се разбуди и ќе верува дека е многу помлада.

Лекарите првично биле уверени дека овие епизоди ќе бидат ретки и може да се случат еднаш или двапати во нејзиниот живот, но во последните неколку години се јавуваат често и тоа на неколку месеци.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg