И совршениот принц го прекрши кралскиот протокол - Вилијам уловен како пцуе на Вимблдон (видео)
- Детали
- петок, 15 јули 2022
Принцот Вилијам беше фатен како во миг на вознемиреност го прекршува кралскиот протокол, а видеото масовно се споделува на социјалните мрежи. Дел од коментарите се дека и тој е човек и може да му се случи да згреши, а други го обвинуваат.
Откако малиот Џорџ (8) беше главна атракција на Вимблдон, со неговото проѕевање и чепкање на носот и неговиот татко Вилијам (40) деновиве стана хит на социјалните мрежи откако беше забележано дека во еден миг и нему му се случило да го прекрши кралскиот протокол.
Инаку псовките се строго забранети кај членовите на кралското семејство, а особено се смета дека тоа е недозволено кога членовите на кралското семејство се во јавност.
Имено, Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон присуствуваа на мечот од четвртфиналето на Вимблдон кога играа Британецот Камерон Нори и Белгиецот Дејвид Гофин.
Во еден миг, британскиот тенисер заради невнимание загуби поен, а принцот Вилијам (кој инаку е познато по тоа што строго се држи до кралските протоколи) не можеше да издржи, а да не опцуе.
Иако, режисерот на преносот се обиде брзо да го промени кадарот и да не се забележи, сепак на социјалните мрежи масовно се споделува видеото во кое тој вика:
„О, не, не, е*и се!“
Видеото предизвика повеќе коментари кај твитерџиите, од кои некои му замеруваат затоа што не се воздржал од недоличното однесување, а други коментираат дека е добро да се знае дека и тој е само човек и може да згреши.
Погледнете го видеото:
https://twitter.com/rdgboi13/status/1544386596857942028
Б. С. Б. | Црнобело