Скандалозна сцена на Тенерифе: Се тепаат да фрлат пешкир за да фатат лежалка - правиме ли и ние вака? (видео)
- Детали
- петок, 15 јули 2022
„Ако ставите пешкир на лежалка тоа не значи дека е ваша“, „Јас би им ги фрлила пешкирите“, „Ова го прават само туристите од Англија“ – се вели во дел од коментарите во видеото во кое се гледа како на Тенерифе луѓе рано наутро чекаат да се отвори базенот за да си фатат лежалка со пешкир.
На некои места е строго забрането да се остави пешкири за да се зафати лежалка уште рано наутро, но во овој хотел на Тенерифе, гостите стануваат рано наутро за да ги фатат најдобрите места покрај базенот со крпа, а потоа воопшто и не ги користат.
И ако мислите дека тоа го прават само Македонците, се лажете.
Една корисничка на ТикТок која се јавува под профилот Sarah неодамна објави видео на кое може да се види како уште рано наутро гостите чекаат да се отвори базенот во хотелот, а потоа со трчање одат да си ги зафатат најдобрите лежалки со пешкири.
Видеото досега го погледнале над 5 милиони луѓе, но корисничката одлучила да ги исклучи коментарите.
@x.....sarah.....x The Sunbed Race ? #Fyp #Tenerife ♬ Funny Song - Cavendish Music
Неколку дена претходно таа објавила уште едно видео во кое се гледа дека сите лежалки се зафатени со пешкири, но речиси никој не ги користи.
„Ако ставите пешкир на лежалка тоа не значи дека е ваша“, „Јас би им ги фрлила пешкирите“, „Ова го прават само туристите од Англија“, „Со сопругата кога видовме дека тоа го прават, зафативме 4 лежалки и им ги отстапивме на првите семејства со деца“ – стои во дел од коментарите.
@x.....sarah.....x Soo annoying when people do this!! #Fyp #Tenerife #Sunbed #Holiday ♬ original sound - Sarah ?
Што мислите вие? Би станале ли во 5 и 30 наутро за да чекате базенот да се отвори во 6 и да фатите лежалка и тоа со пешкир?
Б. С. Б. | Црнобело