„Мојот сопруг е висок само 150cm, ме прашуваат дали ми е син, но сексот ни е неверојатен“
- Детали
- недела, 31 јули 2022
„Најлошите коментари доаѓаат од мажите што сметаат дека би биле подобри партнери за мене и дека можат подобро сексуално да ме задоволат од сопругот“ – вели оваа 30 годишна жена од САД која е 20cm повисока од нејзиниот сопруг.
Џесика (30) од Аризона (САД) е цели 20cm повисока од нејзиниот сопруг Хантер (31) кој е висок само 150cm.
Вели дека воопшто не ѝ пречи тоа што таа треба да ги зема предметите што се наоѓаат на повисоките полици, но често е мета на потсмев кај луѓето што ја прашуваат дали тој ѝ е син.
Нивната љубовна приказна почнала во 2020-та година и Џесика признава дека на почеток ѝ нејзе ѝ било чудно тоа што постои толку голема разлика во висината меѓу нив, но по само неколку денови лудо се вљубила во него.
Таа се шегува на сопствена сметка и вели дека кога спијат таа секогаш треба да го гушка сопругот, а секојпат кога го вози автомобилот по сопругот, мора да го преместува седиштето.
Велат дека се среќни во врската, но заради разликата во височината честопати се мета на критики и негативни коментари:
„Некои пријателки и познаници ме прашуваат зошто сум со некој што е толку понизок од мене. Сме добивале зајадливи прашања дали тој ми е син и дали ми ‘треба вистински маж’.
Најлошите коментари доаѓаат од мажите што сметаат дека би биле подобри партнери за мене и дека можат подобро сексуално да ме задоволат од сопругот.
Според мене најважно е тоа што сме среќни“ – вели Џесика.
Хантер вели дека потсмевањето за висината е исто како некому да му се потсмевате за тежината, а со оглед на тоа што подолго време се гледал со девојки што биле повисоки од него, веќе тоа не му претставува проблем.
„Многу повеќе ме загрижува како се чувствува личноста со која што сум во врска“ – вели тој.
Џесика и Хантер стапиле во брак во февруари годинава, а редовно објавуваат видеа на ТикТок со цел да ја тргнат стигмата што постои за врските во кои девојката е значително повисока од дечкото.
Таа неодамна прокоментира и за сексуалниот живот и рече дека иако на почетокот ѝ било помалку чудно, со Хантер го има најдобриот секс во животот.
„Во кревет сме исти, а некои пози полесно ги изведуваме затоа што тој е понизок“ - вели таа.
Б. С. Б. | Црнобело