15-годишна девојка е мултимилионер - неделно троши по 25.000 долари, патува со приватен хеликоптер и личен возач
- Детали
- сабота, 30 јули 2022
Многумина ја обвинуваат мајката која одлучила на само 6 години да почне да ја пријавува ќерката на избори за убавина, а нејзината ќерка Изабела денес на 15 години има богатство од 25 милиони долари и на пат е да стане успешна бизнис жена.
Изабела Барет денес има 15 години и се обидува да изгради успешна кариера како инфлуенсерка, бизнис-жена и модел, а на возраст од само 6 години почнала да ги заработува првите милиони. Важи за една од најбогатите инфлуенсерки во САД, а се жали дека животот ѝ е многу тежок.
Изабела имала само 5 години кога почнала да учествува во избори за мис на деца. Како што раскажува сама, нејзината сестра била жртва на врсничко насилство, па психијатарот за да ѝ помогне, ѝ препорачал да почне да оди на избори за убавина.
И самата Изабела брзо се вљубила во индустријата, па почнала да ги следи стапките на нејзината сестра.
Во 2012-та година, Изабела победила на изборот за Мала Мис Америка, а во својата „кариера“ заработила 55 круни и 85 награди на изборите за убавина.
„Се обидов на еден избор за убавина, ми се допадна и ме избраа од страна на телевизијата, па така почнав да учествувам во шоуто Toddlers and Tiaras во 2012-та година“ – раскажува Изабела.
По славата стекната во шоуто Изабела заедно со мајка ѝ Сузана, започнала сопствена линија за облека и накит што ѝ ги донело првите милиони, а веќе работи и како модел и има свој бренд „House of Barretti“.
Во август годинава Изабела ќе наполни 16 години, а веќе има богатство од 25 милиони долари.
Како што вели, неделно троши околу 25 илјади долари, а додека се обидува да изгради успешна кариера како инфлуенсерка и бизнис жена, таа постојано е во движење.
Таа неодамна на Инстаграм објави видео во кое може да ја видиме како облечена во бел костим се качува во хеликоптер, со автомобил ја пренесуваат на модните писти, каде добива купчиња пари и дијамантски накит, од каде се упатува на други модни настани и на избор за убавина.
„Ревизија на последните неколку месеци“ – напиша таа до видеото.
Според неа, тоа што е модна икона на само 15 години е голема одговорност.
„Прекрасно е чувството, но затоа што знам дека моите обожаватели ме гледаат како пример, тоа со себе носи голема одговорност. Моите обожаватели ме сакаат, постојано ми велат дека сум кул и убава – едноставно нема зошто да не ми се допаѓа тоа што сум славна“ – вели таа.
Инаку, Изабела на Инстаграм има над 63 илјади следбеници и редовно објавува свои фотографии, погледнете дел од нив:
Б. С. Б. | Црнобело