Која е Ана Сергеева - најубавата политичарка во Украина, која зема поголема плата од преседателот?

Таа сè уште е студент, работела на промоција на производи за убавина, а ќе зема 2,5 пати поголема плата од Зеленски додека ја „крои“ европската иднина земјата – Што знаеме за новата заменик министерка на Украина за евроинтеграции?

blogerka-i-influenserka-e-nov-zamenik-minister-vo-ukraina-koja-e-25-godishnata-ana-sergeeva-01.jpg

Нов скандал ја тресе украинската влада на претседателот Володимир Зеленски откако 25-годишната Ана Сергеева, која е позната како блогерка и инфлуенсерка и нема претходно искуство со работење во јавниот сектор, беше назначена за Заменик-министер за Евроинтеграции.

blogerka-i-influenserka-e-nov-zamenik-minister-vo-ukraina-koja-e-25-godishnata-ana-sergeeva-02.jpg

Уште поинтересно е тоа што според украинските медиуми, нејзината плата е 2,5 пати поголема oд таа на претседателот Зеленски. Ана ќе зема плата во износ од 2.320 евра месечно, а Зеленски добива околу 950 евра.

Според објавите Ана Сергеева била избрана за заменик министер на 10-ти јуни, а од 14-ти јуни годинава почнала да ги извршува должностите на новата работна позиција.

blogerka-i-influenserka-e-nov-zamenik-minister-vo-ukraina-koja-e-25-godishnata-ana-sergeeva-03.jpg

Изборот на новата заменик-министерка во Украина предизвика револт кај некои граѓани, затоа што Ана, освен што е премногу млада, нема искуство во политика и во работењето во јавниот сектор.

Во продолжение неколку факти за неа:

Ана Сергеева е родена во октомври 1996-та година, има високо образование од областа на новинарството, а сè уште не ги завршила студиите по право на националниот универзитет „Тарас Шевченко“ во Киев.

blogerka-i-influenserka-e-nov-zamenik-minister-vo-ukraina-koja-e-25-godishnata-ana-sergeeva-04.jpg

Таа во периодот од април 2019-та година до јуни 2022-та работела како директор на компанијата Service Auditor која давала услуги за консултација за маркетинг активности за фризери и салони за убавина, а била позната и како ифлуенсерка и блогерка.

blogerka-i-influenserka-e-nov-zamenik-minister-vo-ukraina-koja-e-25-godishnata-ana-sergeeva-05.jpg

Според други, со оглед на тоа што не можат да се најдат финансиски податоци за компанијата Service Auditor, најверојатно станува збор за фиктивна компанија.

blogerka-i-influenserka-e-nov-zamenik-minister-vo-ukraina-koja-e-25-godishnata-ana-sergeeva-06.jpg

Таа тврди дека во последните 4 години била активно вклучена во општествени проекти за социјализација на деца со ментална и физичка попреченост, поддршка за осамени стари лица и деца без родителска грижа, но нема податоци во кои проекти била вклучена.

blogerka-i-influenserka-e-nov-zamenik-minister-vo-ukraina-koja-e-25-godishnata-ana-sergeeva-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg