ТВ водителка водеше емисија пијана - заработи отказ и стана хит на социјалните мрежи (видео)
- Детали
- вторник, 12 јули 2022
ТВ водителката од Њујорк, Хедер Ковар стана хит откако видеото од нејзиното последно видео масовно се прошири на социјалните мрежи. Водителката беше забележана како пијана ја води емисијата, изговараше неповрзани реченици, а успеа и да ги измеша имињата на нејзините колеги.
Нејзиното видео во кое таа кажува неповрзани реченици во кои говореше за топлотниот бран стана хит на социјалните мрежи:
„Овие области се погодени од такви области. Како што ви кажав утрово, ако ме гледавте сабајле во 6-7 ви реков: ‘Денес ќе биде прекрасен ден надвор за да уживате во гласна музика додека сте надвор’“...
Освен тоа, таа успеа да ги згреши имињата на колегите што требаше да ги вклучи во живо, што вообичаено не треба да им се случи на ТВ водители со големо искуство, а продукцијата одлучи да ја прекине емисијата додека таа сѐ уште говореше.
По видеото следеа голем број коментари, а оние што имаа можност да ја видат велат дека Хедер не изгледа добро и дека не би требало да биде на телевизија во таква состојба.
Погледнете го видеото:
https://www.youtube.com/watch?v=QrdUBhz9r4o
Телевизијата CBS ја суспендираше познатата ТВ водителка Хедер Ковар и против неа ќе се поведе истрага. Најверојатно таа нема да го продолжи нејзиниот договор со телевизијата што завршува на 31-ви јули годинава.
„Се вратив предвреме на работа, откако претходно неколку дена бев отсутна заради смртта на татко ми. Во петокот, ги известив во телевизијата дека нема да го обновам договорот што ми истекува на 31-ви јули.
Во саботата требаше да работам рано наутро во 6 часот и навечер. Навистина бев ненаспана и преморена“ – вели водителката во изјавата.
Б. С. Б. | Црнобело