Девојка е мета на потсмев, откако сама си направи торта 12 часа пред својата свадба: „Ќе ти се разлее до утре, зошто се мачиш?“
- Детали
- понеделник, 11 јули 2022
„Никој нема да ја помни тортата, браво за трудот. / Џабе си се мачела кога бојата од шарените трошки ќе ти се разлее. / Се шегуваш?“ – ова се само дел од коментарите за девојката која одлучила сама да ја направи свадбената торта. Ви се допаѓа ли?
Девојка за која се верува дека е од САД се пофали дека наместо да плати 500 долари за свадбена торта одлучила сама да ја направи 12 часа пред официјалната церемонија.
„Некои ќе речат дека се шегувам, но ми се допаѓа како изгледа“ – вели девојката Лаура која стои зад прифлот DarlingGoose на ТикТок.
На видеото може да се види како таа внимателно работи на нејзината свадбена торта, а како што вели со оглед на тоа што за 2 дена треба да има свадба, одлучила самата да направи свадбена торта.
Сепак, процесот траел цели 2 дена и успеала да ја заврши непосредно пред да го каже судбоносното „Да“, односно 12 часа пред свадбата.
„Не сум сигурна дека тоа што ја правев свадбената торта на полноќ пред свадбата беше најдобра идеја“ – напиша таа до видеото.
Коментарите за тортата на два ката, декорирана со шарени трошки и декорација на која се најде нејзиното идно презиме, се најразлични.
Додека едни велат дека направила паметен избор затоа што одлучила да заштеди на тортата, други упатуваат негативни коментари:
„Бојата на трошките ќе се разлее во филот и следното утро ќе биде уште поголема катастрофа“.
„Изгледа одлично, но потребно ти е повеќе да вежбаш“.
„Се шегуваш, нели?“
„Ќе бидеш одлична домаќинка штом си одлучила да му ги заштедиш парите на сопругот уште пред свадбата“.
Погледнете го видеото:
@darlinggoose Not sure if making my wedding cake at midnight the night before my wedding was the best idea ???
♬ Bad Habits - Ed Sheeran
Б. С. Б. | Црнобело