Грозоморен авганистански обичај - мажи купуваат мали момчиња, ги облекуваат како девојки и ги злоупотребуваат

Во извештај споделен на веб-сајтот Geo Political Monitor се раскажува за една потресна трагедија во Авганистан каде што млади момчиња страдаат и се сексуално злоупотребувани од страна на возрасни мажи. Што навистина се случува?

bacha-bazi-avganistanska-tragedija-koja-zgasnuva-mnogu-detski-sonishta-01.png

Млади момчиња на возраст од 10 до 18 години се принудени да се облекуваат како девојки, да танцуваат и да ги продаваат своите тела на моќни мажи.

Најчесто мажите ги купуваат момчињата од сиромашните семејства, а неретко им ветуваат и подобар живот. Поради ова, семејствата не се ни свесни за тортурата што ги чека нивните деца.

Кога момчињата ќе наполнат 19 години, односно кога веќе ги сметаат за мажи и почнува да им расте брада, нивните сопственици ги ослободуваат.

Но, како продолжуваат со својот живот после овој хорор? За жал, психолошката штета предизвикана од долгогодишна сексуална злоупотреба и социјална изолација го отежнува повторното интегрирање во општеството.

Така, многу од нив продолжуваат да живеат со згаснатите детски соништа и не го продолжуваат своето образование, туку тргнуваат по лоши животни патишта.

bacha-bazi-avganistanska-tragedija-koja-zgasnuva-mnogu-detski-sonishta-02.jpg

Бача Бази - грозоморниот обичај во Авганистан од кој страдаат многу мали момчиња

Моќните мажи во Авганистан бараат момчиња кои ги купуваат, па ги тераат да се облекуваат како жени, да се шминкаат и да танцуваат на забави. Младите момчиња се нарекувани Бача Барееш, или голобради момчиња, а самата практика се нарекува Бача Бази (игра со момче).

Според BBC, оваа практика започнала во 1980 година во јужните и источните делови на Авганистан, од страна на авганистанските муџахедини кои се бореле против советската инвазија.

Обичајот продолжил да биде практикуван и од етничките Паштуни (Авганистанци кои живеат во Авганистан и Пакистан) во селата на северните делови од државата.

Наводно, одделувањето на мажите и жените во Авганистан, како и недостатокот од контакт со жени, има придонес во ширењето на оваа практика. Покрај тоа, во Авганистан жените не смеат да танцуваат во јавност, па затоа за оваа цел се користат млади момчиња облечени како девојки.

Талибанците ја забраниле оваа практика кога биле на власт во 1990-тите, но по падот на нивниот режим во 2001 година, Бача Бази повторно се појавила во одредени региони на Авганистан.

Тогаш танцувањето на настани или социјални собири како во годините порано не било практикувано, но младите момчиња биле киднапирани, продавани и силувани.

bacha-bazi-avganistanska-tragedija-koja-zgasnuva-mnogu-detski-sonishta-03.jpg

Педофилијата и исламот

Според извештај направен во 2009 од Human Terrain Team, Паштунските општествени норми диктираат дека Бача Бази воопшто не е хомосексуален чин и дека не е против исламот.

Според нив, ако мажот не е вљубен во момчето, сексуалниот чин не е за осуда и е многу поетички од истиот чин направен со жена.

bacha-bazi-avganistanska-tragedija-koja-zgasnuva-mnogu-detski-sonishta-04.jpg

Зошто полицијата не презема мерки за заштита?

За жал, во Авганистан луѓето имаат поголема моќ од власта, па за да се случи промена во оваа практика, треба да има промена и во културата и начинот на размислување.

Мажите кои го практикуваат овој обичај обично се многу моќни и имаат силни врски со власта. Па, на некој начин, тие се недопирливи. 

Во 2018 година во Авганистан практиката Бачи База беше забранета. Денес таа е незаконска според националните закони на Авганистан, како и според Универзална конвенција за правата на детето.

Но, нема информација дали оваа трагедија продолжува и што се случува сега кога Талибанците ја презедоа контролата во државата. 

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg