„Јас имам вишок килограми, а мојот сопруг е фит и секси – сите мислат дека е со мене за пари и дека ме изневерува“

Алисија од Канада е плус-сајз инфлуенсерка која неодамна се соочи со ужасни коментари поради нејзиниот сопруг – бидејќи тој е фит, корисници на ТикТок коментираа дека е со неа за нејзините пари, дека сигурно ја изневерува, па дури и дека парот лаже дека е заедно.

jas-imam-vishok-kilogrami-a-mojot-soprug-e-fit-i-seksi-site-mislat-deka-e-so-mene-za-pari-i-deka-me-izneveruva01.jpg

32-годишната Алисија Мекарвел од Канада е плус-сајз инфлуенсерка со над 800.000 Инстаграм следбеници. Таа и нејзиниот сопруг Скот се заедно 16 години, односно уште од средно.

Со својот профил, Алисија сака да промовира љубов кон себе и да им помогне на сите да се прифатат онакви какви што се.

https://www.instagram.com/p/CcB3ahspTId/

Нејзините пораки генерално содржат позитивни и мотивирачки пораки, а одвреме-навреме споделува и детали од секојдневието со саканиот. А, од објавите е очигледно дека тие се пресреќни заедно.

Но, Алисија се соочи со ужасни коментари само затоа што нејзиниот сопруг е фит, а таа има вишок килограми.

View this post on Instagram

A post shared by Alicia Mccarvell (@aliciamccarvell)

Инфлуенсерката има и ТикТок профил каде што неодамна сподели видео на кое таа и сопругот се подготвуваат да одат на свадба.

Алисија била непријатно изненадена кога забележала дека во коментари голем број корисници ѝ велат дека Скот сигурно не ја сака бидејќи има вишок килограми.

@aliciamccarvell My forever wedding date ♥️ @scottymc4 ♬ original sound - cam

Дел од коментарите:

„Сигурно те изневерува“.

„Не верувам дека сте пар, но во ред“.

„Сигурно е со тебе за пари“.

„Сигурно го ’спознорираш‘, инаку не разбирам“.

„Се прашувам дали била дебела кога се запознале?“

За Buzzfeed, Алисија открива дека откако го споделила видеото, некоја девојка му испратила порака на Скот и го „посоветувала“ да си најде послаба девојка.

„Верувам дека сите сме ги научиле истите работи за дебелината и стандардите за убавина. Но, јас успеав да ги одучам бидејќи сум дебела и бидејќи не ги достигнам смешните стандарди.

Кога некој ми остава вакви коментари на објавите, тоа е бидејќи верува во истите работи во коишто верував и јас. Верува дека нашата вредност се крие во изгледот на нашето тело.

Мислам дека е важно да размислувате за ова бидејќи овие стандарди за убавина имаат влијание врз СИТЕ“.

На видеото на Алисија, има и бројни коментари со поддршка:

„Запрепастена сум од коментарите. Јас гледам прекрасен пар кој се сака“.

„Гледам две прекрасни личности кои се вљубени и целосно го поддржувам тоа!“

„Сите знаеме што мисли Скот – се прашува како имал среќа да ја најде Алисија! Изгледате прекрасно заедно“.

„Лошите коментари покажуваат колку многу луѓе оценуваат според изгледот. Можеби ќе бевте посреќни ако не го правевте тоа“.

„Додека ги читам коментарите си мислам како ќе ги воспитам моите деца подобро од овие плитки луѓе“.

„Сигурно е со неа затоа што… таа е прекрасна!“

Повеќе фотки од парот:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg