Девојка со исповед: „Бремена сум од дечкото на сестра ми – не знам како да го натерам да ја остави и таа да не ми се налути“
- Детали
- недела, 10 јули 2022
„Бремена сум од партнерот на сестра ми. Сакам заедно да се грижиме за ова дете. Но, како можам да го направам тоа без таа да ми се налути?“ – девојка е во вистинска дилема откако тајно имала афера со забранет маж. Вреди ли воопшто да се борите за врска со маж што е подготвен да има врска со две сестри?
фото: The Sun
Понекогаш животните приказни наликуваат на заплет од шпанска сапуница, а таков е и случајот со оваа 27-годишна девојка од Англија која се вљубила во партнерот на нејзината сестра и сега бара совет за тоа што да прави.
Таа упати писмо до дежурниот психолог на британскиот весник The Sun, Дидре, каде ја раскажува во целост приказната.
Нејзиното писмо ви го пренесуваме во целост:
„Бремена од мојот нов љубовник, но има еден проблем – тој е во врска со сестра ми.
Сега сакам да го натерам да ја напушти и да биде со мене и со нашето бебе.
Јас имам 27 години, а сестра ми 29. Бевме нераздвојни додека не го запозна него пред 3 години.
Наеднаш почнав да се чувствувам дека повеќе не ѝ е грижа за мене. Постојано ги откажуваше нашите планови, ги игнорираше моите телефонски повици и поминуваа по неколку денови додека да ми одговори на пораките.
Се чувствував напуштено. Понекогаш со часови ги гледав нивните профили на социјалните мрежи и се чувствував како да ме исклучуваат и ги презирав.
Иако бев гневна затоа што таа ме отфрли, сега ми е јасно дека многу повеќе бев љубопитна за тоа што е она што толку многу ја привлекува кај него.
Нејзиниот партнер е мошне заинтересиран за музика и постојано оди на свирки со млади и нови музичари. Така минатата година со другарка отидов на еден таков настан затоа што знаев дека тој ќе биде таму.
Ми изгледаше дека тој е многу среќен што ме гледа и поминавме неколку часа заедно во разговори и танцување.
На крај, во раните утрински часови, тргнавме да си одиме дома. Живееме блиску, па одлучивме да си одиме со едно такси. На патот кон дома, решив да си ја пробам среќата и се обидов да го бакнам.
Очекував да ме отфрли, но тој ме бакна.
На крај отидовме кај него дома, каде ми призна дека отсекогаш сум му се допаѓала. Таа вечер имавме секс двапати. Потоа нештата станаа интензивни и се гледавме тајно двапати неделно.
Кога ќе се навратам, признавам дека прво бев љубопитна, но со текот на времето се вљубив во него. Тој е љубезен, прекрасен и искрен човек.
Но, нештата се искомплицираа уште повеќе затоа што сум бремена во шестата недела и бебето е негово.
Сакам заедно да се грижиме за ова дете. Но, како можам да го направам тоа без да си го растурам семејството?“
Одговорот на ова прашање навистина е комплициран. Според Дидре, ова најверојатно ќе направи раздор во семејството.
„Но, пред да им ја соопштиш веста на најблиските треба да дознаеш што мисли партнерот на сестра ти? Дали и тој ги сака истите работи како тебе?
Треба да размислиш дали сакаш да се грижиш за ова дете сама или ти е потребен партнер и да бидеш сигурна дека бременоста нема да ти биде товар.
Ако, на крај тој сака да ја напушти сестра ти за да биде со тебе, пак ќе треба да размислиш – кој е поважен: тој или сестра ти“ - вели таа.
Што мислите вие? Може ли оваа девојка да го задржи и бебето и човекот што го сака, а да не ги наруши односите со сестра ѝ?
Дали тоа што се чувствувала отфрлено била доволна причина за да почне врска со партнерот на нејзината сестра и вреди ли воопшто да се бориш за маж што е подготвен истовремено да биде во врска со две сестри?
Б. С. Б. | Црнобело