Вилијам и Кејт како млад вљубен пар на прв состанок – флертуваат и разменуваат нежности на јавен настан (фото)
- Детали
- петок, 08 јули 2022
Иако Кејт и Вилијам ги следат сите кралски правила, сега решија да прекршат едно - на поло патпревар флертуваа и не ги тргаа рацете еден од друг.
Членовите на британското кралско семејство треба да се воздржуваат од бакнежи и прегратки во јавност и повеќето од нив го следат ова правило.
Истото важи и за Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, кои е реткост да ги видиме како разменуваат нежности кога се во јавност.
Но, сега кралскиот пар го прекрши правилото, по примерот на Хари и Меган кои постојано си искажуваа љубов во јавност.
За време на поло натпревар, Вилијам и Кејт изгледаа како млад вљубен пар и не ги тргаа рацете еден од друг.
На настанот Кејт изгледаше беспрекорно со елегантен бел фустан во комбинација со ниски чевли.
На фотографиите се гледа како Вилијам ја бакнува Кејт во образот, а кога почнуваат да се движат, тој ѝ ја става раката на половината.
На сите фотографии Кејт и Вилијам се со широки насмевки и изгледаат пресреќно.
За Daily Mail, експерт за говор на телото истакнува дека од овие гестови е повеќе од очигледно дека врската на Вилијам и Кејт е одлична.
„Погледнете го начинот на којшто Кејт ги прекрстува нозете. Ова покажува дека таа до денес е срамежлива кога сопругот ја бакнува во јавност. Потоа тие почнуваат да се движат прегрнати, како млад пар на прв состанок.
Исто така, гледањето во очи пред Вилијам да ја бакне покажува дека во нивната врска има многу љубов“.
Експертот истакнува и дека начинот на кој реагира Кејт е всушснот флертување.
Експертот прави споредба и со слична фотографија од принцезата Дијана и Чарлс. На фотографијата Чарлс, ја допира Дијана за грбот додека пробува да ја бакне.
Но, таа истакнува дека од оваа фотографија изгледа како помеѓу нив да нема никаква хемија. Односно, нивниот брак не се ни споредува со оној на Вилијам и Кејт.
„Додека бакнежот на Вилијам и Кејт покажува наклонетост, кај Чарлс и Дијана изгледа како да немаат добар однос.
Дијана пробува да се оттргне од нејзиниот сопруг и го избегнува бакнежот така што ја врти главата. Поради ова, Чарлс ја бакнува на косата наместо на образот“.
Спирова С. | Црнобело