Американец и неговото куче го пропатувале светот – за 7 години поминале 40.000 километри пеш (фото)

Том Турсич и неговото куче Савана го пропатувале светот и во период од седум години поминале 40.000 километри пеш. Тој е само десеттиот човек во светот кој успеал во овој подвиг.

amerikanec-i-negovoto-kuche-go-propatuvale-svetot-za-7-godini-pominale-40-000-kilometri-pesh-foto-01.jpg

Во период од седум години, Том Турсич од Њу Џерси, заедно со неговото куче Савана, го пропатувал светот, и тоа пеш. Тој и Савана поминале 45.000 километри и постојано се движеле пеш, освен неколкупати кога морале да летаат со авион или да пловат со брод.

Неколкупати морале и да го прекинат патувањето и да се вратат во Њу Џерси, но и покрај предизвиците не се откажувале.

View this post on Instagram

A post shared by Tom Turcich (@theworldwalk)

Том го одбрал овој начин на патување бидејќи сакал вистински да ги искуси сите места што ќе ги види.

„Ова ми изгледаше како најдобриот начин да го разберам светот и да бидам присилен да видам некои места. Не сакав да одам во Париз или Мачу Пикчу, сакав вистински да го разберам светот и да видам како луѓето ги живеат нивните животи“.

Том првпат почнал да размислува за патувањето во 2006 година, кога ја изгубил најдобрата пријателка.

Тогаш 17-годишниот Том и 16-годишната Енмари Линч биле многу блиски пријатели, кога таа загинала во несреќа при скијање.

Том никако не можел да се помири со смртта на пријателката, а трагичниот настан го натерал да сфати дека еден ден и на неговиот живот ќе му дојде крајот.

Па, добил идеја максимално да го искористи времето што му има останато.

Додека размислувал што може да направи, Том налетал на Стивен Њуман – првиот човек кој пеш го обиколил светот во периодот од 1983 до 1987 година. Тој налетал и на други луѓе со слични потфати, па решил да им се придружи.

На Том му биле потребни неколку години да се подготви за патувањето. Откако завршил средно, се запишал на колеџ во Њу Џерси за да може да живее со родителите. Во меѓувреме одел и на работа за да заработи и заштеди пари.

Тој добил и огромна финансиска помош од сопственик на локална компанија чии деца биле блиски пријатели со пријателката на Том која загинала.

Во 2015 година, кратко пред 26-тиот роденден, Том тргнал на пат. Со себе зел опрема за планинарење, вреќа за спиење, лаптоп, фотоапарат и голема пластична кутија за складирање храна.

Сите предмети ги ставил во бебешка количка која ја туркал до крајот на патувањето. 

Четири месеци откако го почнал патувањето, Том стигнал до Остин, Тексас, каде што го вдомил неговото куче Савана.

Ја видел во засолниште и помислил дека е добро да има пријател, но и некој кој ќе му помогне да се чувствува побезбедно.

Оттаму Том и Савана отишле во Панама, па поминале околу две недели поминувајќи ги Колумбија и Уругвај. Потоа се качиле на брод до Антарктикот.

Кога стигнале таму, морале да направат пауза од патувањето и да се вратат во Њу Џерси - Том морал да извади документи за да може да ја носи Савана низ Европа.

Кога продолжиле со патувањето, Том и Савана ги поминале Ирска и Шкотска, но Том фатил бактерија. Поради болеста, во 2017 година повторно се вратил дома со Савана за да закрепне.

Во мај следната година, Том го продолжил патувањето, но вели дека веќе почнал да се чувствува преморено.

„Се прашував: ’Што ли правам овде?‘ Можев да бидам со пријателите и семејството, а наместо тоа јас одам по студениот дожд во Германија“.

Потоа Том и Савана ги поминале Шпанија, Франција и Португалија, па продолжиле низ Северна Африка, односно Мароко, Алжир и Тунис.

Потоа отишле во Италија, каде што Том го прославил 30-тиот роденден, па Словенија, Хрватска, Црна Гора, Грција и Турција.

Првичниот план на Том бил да патува пет години, но поради документацијата на Савана, болеста, но и пандемијата која ги затвори границите на многу земји, целиот подвиг траел седум години.

Поради пандемијата, Том се откажал од планот да оди во Австралија и Монголија и наместо тоа со Савана отишле во Киргистан.

Оттаму се упатиле кон последната дестинација – Сиетл. Во август минатата година, Том и Савана почнале да се движат кон Њу Џерси.

Кога конечно пристигнале во родниот град во мај годинава, Том бил вчудовиден од пречекот.

„Беше надреално. На тротоарите имаше испишано пораки со креда. Наоколу имаше поставено фрижидери со вода и пиво. Ме пречекаа многу прегратки од саканите.

Поминаа седум долги години кои мене ми се чинеа како 20. Имав прекрасни авантури и созреав, но ми недостасуваа семејството и пријателите. Копнеев по кревет“.

Сега Том вели дека сака да истражува нови места со Савана, но следните патувања сигурно ќе бидат пократки и поедноставни.

„Без сомнение уште ќе патувам, но следните седум години нема да бидат толку осамени како претходните“.

Повеќе фотки од авантурата на Том и Савана на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Сериозен проблем со здравјето, неколку операции: Што се случи со најубавото девојче во светот, Тилан... 22-годишната Тилан Блондо беше прогласена за „најубаво девојче во светот“ кога и...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg