Атрактивна бразилска одбојкарка: „Заработувам на сајт за возрасни, но никогаш не сум се сликала гола“
- Детали
- недела, 10 јули 2022
Професионалната одбојкарка Кеј Алевес од Бразил јавно изјави дека заработува 50 пати повеќе од сајтот OnlyFans (платформа за возрасни) отколку од спортот со кој професионално се занимава, но тврди дека тоа не го прави со разголување.
Во интервју за бразилските медиуми, Кеј изјави дека одбојката ѝ е прва љубов и цел во животот, но и дека нема да се откаже од хонорарната работа на OnlyFans. Потенцира дека без разлика на тоа дали ѝ се допаѓа или не сајтот за возрасни во моментов за неа е најголем извор на приходи.
Кеј има строго утврдени правила во однос на содржините што ги објавува на OnlyFans, па како што вели таму може да се најдат само професионални и полуразголени фотографии, но одбива и не планира да се фотографира гола.
„Трета година професионално се занимавам со одбојка. Но, мојата кариера надвор од теренот ми помага да ги платам сметките, со оглед на тоа што не можам да ги покријам сите животни трошоци од одбојката“, изјави убавата спортистка.
Кеј објаснила и дека ги сака дигиталните платформи, и дека преку нив заработува 50 пати повеќе отколку од спортот.
„Навистина не ми е јасно. Без разлика дали некому му се допаѓа или не, ова е мојот најголем извор на приход. Себеси се гледам како спортист, но и како модел, инфлуенсер, бизнисменка и жена од светот на шоу-бизнисот. Моментално заработувам 50 пати повеќе од веб-страницата отколку од одбојка“.
Кеј себеси се смета за мошне харизматична личност што целосно сака да биде посветена на сопствените обожаватели, а професионалните фотографии што ги објавува на OnlyFans се само уште еден маркетинг трик со чија помош го гради својот бренд.
(О)Милена | Црнобело