Бразилец е жива копија на Киану Ривс: „Девојките ме прогонуваат, Фејсбук ми го блокира профилот“ (фото)
- Детали
- среда, 06 јули 2022
„Девојките ме прогонуваат затоа што премногу наликувам на Киану, но не сакам да го злоупотребувам тоа“ – вели Бразилецот Маркос Џивс кој 2 години водеше легална битка со Фејсбук откако му беше блокиран профилот заради сличноста со славниот актер.
Маркос Џивс (49) од Бразил е двојник на Киану Ривс, чиишто фотографии премногу потсетуваат на славниот актер.
Бразилецот кој одбива да го открие вистинското име и се потпишува како Маркос Џивс вели дека уште на 17 години забележал дека многу наликува на славниот актер.
Киану Ривс
Сепак тој одлучил да заработува од сопствениот изглед дури откако бил отпуштен од работното место на танкер.
По отказот, Маркос одлучил да се врати на копно и со помош на социјалните мрежи да наоѓа настани каде се појавувал како двојник на Киану Ривс.
Така, кога социјалната мрежа одлучила да го блокира неговиот профил, Маркос бил мошне разочаран.
фото: Киану Ривс
Иако Маркос во изминатиот период постојано објавуваше видеа на Инстаграм и на ТикТок, каде ги збунуваше сите со сопствениот изглед, тоа не го спречи да ја продолжи легалната битка со Фејсбук.
Пред две години, Маркос одлучил да поднесе тужба против Фејсбук и на 29-ти јуни годинава, судот во Рио де Жанеиро конечно пресудил во негова корист.
Фејсбук треба веднаш да го активира неговиот профил и да му плати околу 5.000 бразилски реали (околу 900 долари).
Доколку неговиот профил не биде реактивиран, Фејсбук ќе треба да му плати отштета од 200 бразилски реали за секој ден.
„Ова беше долга 2-годишна борба. Откако бев препознаен како двојник Фејсбук ми го блокира профилот за помалку од 3 месеци“ – рече тој.
Освен што објавува видеа на социјалните мрежи, Маркос треба наскоро да се појави во филмот Tiro Certo - Rio em Chamas во Бразил, а открива дека неговата сличност со славниот актер му помага и во освојување на девојките:
„Секогаш имам почит кон другите и не сакам да го искористам тоа што личам на Киану во која било ситуација“ – вели Маркос.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение и уверете се во сличноста:
https://www.instagram.com/p/Cc6cv2cMpzM/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело