Кои се најстресните градови за живеење за 2022 година?
- Детали
- понеделник, 29 август 2022
Дали некогаш сте се запрашале дали земјата или градот во кој живеете има врска со вашиот стрес?
Постојат неколку фактори кои создаваат стрес кај жителите на градовите, како што се економијата, трошоците за живот, невработеноста или пак густината на населението.
Анализа направена од страна на William Russel – голема компанија која нуди животно и здравствено осигурување – ги зема предвид токму овие фактори што предизвикуваат најмногу стрес.
Погледнете каде овие фактори играат најголема улога и кои градови се најстресни за живот во 2022 година:
Каиро - Египет
Каиро е еден од најпрометните градови и втор по големина во Африка. Според многу истражувања, Каиро е еден од најстресните градови за живеење, но сепак има една од најниските стапки на самоубиства.
Њу Делхи - Индија
На второ место се наоѓа Њу Делхи каде што над 17% од населението живее во сиромаштија.
Карачи - Пакистан
Карачи е најголемиот град во Пакистан и е прогласен за еден од најстресните градови во земјата. За разлика од Њу Делхи, овде околу 4,47% од населението живее во сиромаштија.
Мумбај - Индија
Патиштата на најголемиот град во Индија се многу преполни. Градот има осум видови јавен превоз, но густината на населението го става Мумбај на првото место за најмногу сообраќајни несреќи.
Манила - Филипини
Манила е меѓу оние градови со најголеми финансиски стресови.
Багдад – Ирак
Главниот град на Ирак се смета за еден од најлошите за живот. Покрај сиромаштијата со којашто се соочува населението, овде постојано постои закана од терористички напади, како и киднапирања.
М. Г. | Црнoбело
фото: depositphotos.com