Босанка со исповед: „Тоа што одбивам да ги скубам веѓите и да ги депилирам мустаќите ми го подобри љубовниот живот“

„Мажите обично зјапаат во мене како да имам трета глава, а уште на самиот почеток можам да ги исчистам несоодветните додворувачи“ – раскажува оваа 31-годишна учителка со потекло од Босна, која живее во Данска.

bosanka-so-ispoved-toa-shto-odbivam-da-gi-kubam-vegjite-i-da-gi-depiliram-mustakjite-mi-go-podobri-ljubovniot-zhivot-01.jpg

Елдина Јагањац (31) по потекло е од Босна, а живее во Копенхаген, Данска, каде работи како учителка. Таа вели дека тоа што две години одбива да ги скубе веѓите и да ги депилира надусниците, во целост ѝ го променило љубовниот живот.

bosanka-so-ispoved-toa-shto-odbivam-da-gi-kubam-vegjite-i-da-gi-depiliram-mustakjite-mi-go-podobri-ljubovniot-zhivot-02.jpg

Таа во март 2020-та година одлучила да престане да ги скубе вегите и да ги депилира надусниците и денес е препознатлива на социјалните мрежи по своите „гајтан“ веги и израснатите мустаќи.

Освен тоа, таа престанала да ги бричи влакната на нозете и да се депилира, па на нејзините фотографии може да се забележат и израснати влакна на нозете и на рацете.

bosanka-so-ispoved-toa-shto-odbivam-da-gi-kubam-vegjite-i-da-gi-depiliram-mustakjite-mi-go-podobri-ljubovniot-zhivot-03.jpg

Според неа, одлуката ѝ овозможила повеќе да се сконцентрира на другите приоритети во нејзиниот живот и воопшто да не се грижи за тоа што мислат другите луѓе за неа.

На Елдина во последните две години ѝ се случило да добие критики од непознати луѓе на улица, а вели некои мажи зјапаат во неа како да има „трета глава“.

„Се случувало луѓе да ми пријдат на улица и да ми кажат дека сум ‘кул’, но и такви што ми се развикале. На почеток тоа беше непријатно, но ако некои луѓе немаат друга работа и сакаат да викаат по непознати луѓе, тоа е нивен проблем“ – вели таа.

bosanka-so-ispoved-toa-shto-odbivam-da-gi-kubam-vegjite-i-da-gi-depiliram-mustakjite-mi-go-podobri-ljubovniot-zhivot-04.jpg

Како што вели, тоа што одбива да се грижи за сопствениот изглед ѝ помогнало да ги „исчисти“ несоодветните мажи од нејзиниот живот, а уверена е дека мажите го коментираат нејзиниот изглед само заради тоа што и самите се несигурни.

Вегите, мустаќите и другите обраснати влакна на нејзиното тело ги наведуваат да размислуваат за тоа што значи да се биде маж.

„Добивам многу посериозно внимание и можам да ги исчистам поконзервативните мажи уште од самиот почеток“ – вели таа.

bosanka-so-ispoved-toa-shto-odbivam-da-gi-kubam-vegjite-i-da-gi-depiliram-mustakjite-mi-go-podobri-ljubovniot-zhivot-05.jpg

Според неа тоа што одбила да се придржува до утврдените норми за женскиот изглед, на некој начин ѝ помогнало да си ја зголеми самодовербата.

„Сега сум посамоуверена затоа што не се плашам да изгледам поинаку и сметам дека можам да правам повеќе нетрадиционални избори воопшто.

Тоа ми помогна да бидам поотворена, покреативна и ми ја зголеми храброста. Секој треба да го прави тоа што сака да го прави.

Секако, на некои работни места мора да ги задоволувате критериумите за изглед и не можете да правите компромиси“ – вели таа и додава дека секој што сака да почне да го негува природниот изглед би требало полека да следи како ќе реагира средината на таа промена.

Инаку, Елдина во моментов има 25.400 следбеници на Инстаграм, погледнете дел од нејзините фотографии:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg