Зависник од адреналин се качи на највисокиот кран во Дубаи – виси без опрема на висина од 390 метри (фото+видео)
- Детали
- четврток, 30 јуни 2022
Адам Локвуд од Англија кој ги има искачено некои од највисоките градби во светот без никаква опрема, сега се качи на највисокиот кран во Дубаи и буквално висеше од него на височина од 390 метри.
Адам Локвуд од Манчестер е „зависник“ од адреналин кој во Англија веќе е познат по качувањето на облакодери и високи градби без никаква опрема.
21-годишното момче сега уште еднаш ја шокира јавноста, откако се искачи на највисокиот кран во Дубаи.
Кранот е висок 390 метри и се наоѓа веднаш до популарната Бурџ Халифа.
На фотографиите и видеото од неговиот подвиг се гледа како Адам буквално виси од кранот, држејќи се за една шипка само со едната рака.
Во еден миг, Адам виси од кранот држејќи се само со неговите нозе.
За среќа, Адам успеа безбедно да се врати на земја, но според Daily Mail, доколку паднел, ќе му требале девет секунди да стигне до земјата.
Видео од искачувањето - можете да го погледнете моментот кога виси од 3:42:
Покрај тоа што си го ризикуваше животот, Адам ризикуваше и да се соочи со казна – качувањето на кранот е забрането освен за градежници.
„Кога првпат ја погледнав снимката, си помислив дека ова е најневеројатното нешто што сум го направил. Фактот што висев на највисокиот кран покрај највисоката зграда во светот е нешто посебно и сметам дека вредеше да ризикувам да бидам фатен“.
Адам вели дека за да стигне до врвот, се преправил како работник. А, бидејќи бил опкружен со можеби 100 градежници, никој не го ни забележал.
Toj опишува и како се одвивало качувањето:
„Како што почнав да се качувам, забележав дека целиот кран е премачкан со мрсна лизгава материја која не можев ни да ја видам. Прво помислив дека е песок од пустината, но кога си ги погледнав рацете, сфатив дека ми се мрсни. Стапалата и дланките ми се лизгаа постојано“.
„Висењето од високи градби без опрема е надреално. Но, како и сите мои претходни искачувања, мозокот ми беше празен и се чувствував мирно.
Многу сакам да гледам од голема височина. Го сакам и предизвикот да влезам во добро обезбедени места и да ги постигнам овие цели. Кога се вратив во собата спиев цел ден бидејќи бев преморен“.
Ова не е првпат Адам да привлече внимание со слична лудорија. Всушност, на младото момче му се закануваше и казна затвор поради овие подвизи.
Во 2019 година доби 2-годишна условна казна. Ако ја прекршеше ќе требаше да помине три месеци во затвор.
Дотогаш, Адам објавуваше видеа од неговите искачувања на Јутјуб, но доби забрана да објавува видеа на кои се искачува на објекти што се во приватна сопственост.
Сепак, и покрај судирот со законот, младото момче продолжи да се искачува и да објавува видеа, но не е познато како успеал да ја избегне казната затвор.
Дел од лудите подвизи на Адам:
https://www.youtube.com/watch?v=8xufvXHvY5w
https://www.youtube.com/watch?v=Ru4QHx7AvEw
Спирова С. | Црнобело