Емотивна средба на мајка со ќерката, 50 години откако таткото ја одвел во Мароко и ја оставил таму

Шанае, која во Мароко имала многу тешко детство и живот, во еден миг ја дознала вистината за своите биолошки родители и одлучила со 4-те деца да се спакува и да се пресели во Велика Британија за да ја бара својата биолошка мајка. Сега, се заедно и пресреќни...

emotivna-sredba-na-majka-so-kjerkata-50-godini-otkako-tatkoto-ja-odvel-vo-maroko-i-ja-ostavil-tamu-01.jpg

Хејзел Чик од Велика Британија по 50 години се сретна со својата ќерка со помош на емисијата „Long Lost Family“.

Хејзел, која сега страда од Паркинсонова болест, вели дека плачела секоја ноќ по својата ќерка Шанае, откако нејзиниот партнер и татко на Шанае, на 18 месеци ја одвел во Мароко и ја оставил таму.

emotivna-sredba-na-majka-so-kjerkata-50-godini-otkako-tatkoto-ja-odvel-vo-maroko-i-ja-ostavil-tamu-06.jpg

Нејзиниот поранешен сопруг тогаш тврдел дека го носи детето во Мароко за да ги запознае роднините, но 4 седмици подоцна се вратил без неа, објаснувајќи и на Хејзел дека ќерката ја дал на неговата сестра за таа да се грижи за неа, бидејќи не можела да има деца.

Шанае дури по 30 години живот во Мароко дознала дека жената и мажот што ја чувале, всушност не се нејзини биолошки родители.

Таа вели дека имала несреќно дество во Мароко, дека на 11 години морала да го напушти училиштето за да работи дома, а на 19 години имала договорен брак со маж кој ја контролирал апсолутно за сè.

emotivna-sredba-na-majka-so-kjerkata-50-godini-otkako-tatkoto-ja-odvel-vo-maroko-i-ja-ostavil-tamu-04.jpg

Шанае во еден миг ја дознала вистината за своите биолошки родители и одлучила со 4-те деца да се спакува и да се пресели во Велика Британија за да ја бара својата биолошка мајка.

Таа сега е во среќен брак со друг маж и очекува петто дете.

emotivna-sredba-na-majka-so-kjerkata-50-godini-otkako-tatkoto-ja-odvel-vo-maroko-i-ja-ostavil-tamu-05.jpg

По 20 долги години неуспешна потрага се јавила во емисијата „Long Lost Family“, со чија помош ја пронашла мајка си.

„Со целото мое срце посакував да ја сретнам барем еднаш во животот. Да ја видам, да ја прегрнам, не можев да се чувствувам комплетно без тоа“, изјави Шанае, а нејзината мајка Хејзел вели дека не можела да престане да мисли на неа целиот живот и дека е среќна што ја видела додека уште е жива.

„Таа е мојот живот, ја сакам, отсекогаш ја сакав и мило ми е што се врати во мојот живот“, вели Хејзел, која заедно со Шанае заклучи дека ова е најдобриот ден во нивните животи.

emotivna-sredba-na-majka-so-kjerkata-50-godini-otkako-tatkoto-ja-odvel-vo-maroko-i-ja-ostavil-tamu-03.jpg

Биолошкиот татко на Шанае е починат.

Емотивната средба:

emotivna-sredba-na-majka-so-kjerkata-50-godini-otkako-tatkoto-ja-odvel-vo-maroko-i-ja-ostavil-tamu-07.jpg

emotivna-sredba-na-majka-so-kjerkata-50-godini-otkako-tatkoto-ja-odvel-vo-maroko-i-ja-ostavil-tamu-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg