Хари и Меган на гости кај Опра по неуспешниот обид да се смират со Вилијам и Кејт - дали ќе прават уште едно интервју?
- Детали
- вторник, 28 јуни 2022
Меган и Хари, заедно со нивна пријателка, беа на гости кај Опра Винфри, по што почна да се шпекулира дека ќе прават уште едно интервју. Иако неодамна тие ја посетија кралицата, стана јасно дека уште не се во најдобар однос со Вилијам и Кејт, па можеби подготвуваат уште едно непријатно изненадување за кралското семејство.
Викендов принцот Хари и Меган Маркл беа забележани како одат кон домот на Опра Винфри во Калифорнија.
Познато е дека Опра им е сосетка, но и добра пријателка на Меган и Хари, особено по шокантното интервју во кое парот го „оцрни“ кралското семејство.
Од ексклузивните фотографии на Daily Mail се гледа дека парот ја посетил познатата водителка со уште една нивна пријателка – актерката Џанина Гаванкар.
Принцот Хари седи на возачкото седиште, актерката е до него, додека Меган седи назад во автомобилот. На дел од фотографиите се гледа и детско седиште, но не е познато дали со нив било некое од нивните две деца.
Зад нив има уште еден автомобил кој според Daily Mail е обезбедувањето на парот.
Меган Маркл е речиси непрепознатлива без шминка, додека принцот Хари се обидува да се скрие со бејзбол капче и темни очила за сонце.
Според изворите на британскиот медиум, Меган, Хари и нивната пријателка поминале околу еден час во домот на Опра, пред да се вратат назад кон нивниот дом.
Сето ова ги разгоре шпекулациите дека можеби тие планираат уште едно интервју, слично на она од март минатата година.
Лани Меган и Хари предизвикаа вистински скандал со ексклузивното интервју, обвинувајќи го кралското семејство за расизам.
Тие споделија и дека престанале да добиваат финансиска помош по наредба на принцот Чарлс, како и дека останале без обезбедување.
Меган, пак, се пожали дека страдала од сериозни проблеми со менталното здравје, а никој не сакал да ѝ помогне. Покрај тоа, Меган тврди и дека во неколку наврати Кејт Мидлтон ја расплакала со суровите зборови.
Ново интервју со оваа тематика би било вистински шок за кралицата, особено кога ќе се земе предвид дека пред неполн месец Меган и Хари ја посетија.
За време на Платинестиот јубилеј на кралицата, Меган и Хари беа во Лондон и тоа беше знак дека го подобриле односот со семејството.
Но, тие си заминаа пред главната прослава, а според изворите немале никаков контакт со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
Па, останува да видиме дали Меган и Хари дополнително ќе го влошат односот со кралицата и членовите на кралското семејство.
Погледнете и Загриженост на семејството за бојата на кожата на бебето, тајна венчавка – Што сè открија Меган и Хари во шокантното интервју кај Опра?
Спирова С. | Црнобело