Пар од Хрватска направи свадбена фотосесија на најопасниот товарен воз во светот кој се движи низ Сахара (фото)
- Детали
- вторник, 28 јуни 2022
Пар од Хрватска го помина медениот месец во малкупозната афричка држава и направија необична свадбена фотосесија на најопасниот товарен воз кој пренесува железна руда и се движи низ пустината Сахара на 45°С. 20-часовното патување било предизвикувачко, но уникатно исксутво - би се осмелиле ли вие да се качите на овој воз?
Кристијан Иличиќ е авантурист од Хрватска кој преку својот Инстаграм профил постојано нѐ носи на патувања низ земји за кои знаеме многу малку.
https://www.instagram.com/p/CelAvE7tOm0/
Овојпат нѐ изненади со екстремна, различна и оригинална пост-свадбена фотосесија на најопасниот товарен воз во светот кој е долг 2км и се движи низ пустината Сахара.
Заедно со неговата сопруга Андреа Трговчевиќ решија да отидат на еден поинаков меден месец и тоа во една далечна република наречена Мавританија. Мавританија е сместена во Северозападна Африка и е малку позната држава.
https://www.instagram.com/p/CeN1VQjjZEe/
Сепак, смелите младенци решија да ја посетат и да се качат на најтешкиот воз, кој постојано се движи од пристаништето Нуадибу на брегот на Атлантикот до рудниците за железна руда во градот Зуерат и обратно.
Патничките вагони само понекогаш се прикачуваат на товарните возови, па останатите денови локалните жители избираат да се возат бесплатно врз товарните вагони исполнети со железна руда.
https://www.instagram.com/p/CeGNxMCDWLh/
Можеби за нив е секојдневие, но за Кристијан и Андреа е нешто ново, но сепак различно и незаборавно искуство.
Кристијан споделува дека 20-часовното возење е навистина предизвикувачко, а временските услови се екстремни, бидејќи преку ден температурата може да достигне до 45 Целзиусови степени, а ноќите се многу студени.
И покрај многуте предизвици, фотографиите се доказ дека парот навистина уживал во оваа возбудлива авантура.
Дали би се осмелиле да се качите на овој воз? Погледнете ги фотките:
М. Г. | Црнобело