Парот, кој држејќи се за рака патува низ светот, има дете и нови, совршени фотки
- Детали
- петок, 24 јуни 2022
Сега има и трета личност во една од најневеројатните патувачки приказни, која години наназад е хит на Инстаграм. Фотографот кој патува држејќи ја сопругата за рака, доби и синче со неа, но авантурите не сопираат...
Мурад Осман oд Русија е фотографот кој се прослави со фотографиите на кои ја држи за рака некогаш својата девојка, а денес сопруга Наталија, патувајќи низ светот.
Со внимателно избран стајлинг за Наталија, на прекрасни дестинации низ светот, тие беа едни од првите патувачки блогери кои креираа неверојатни фотографии за на Инстаграм и не е ни чудно што имаат повеќе од 3.5 милиони следбеници.
Парот е во брак од 2015 година, а на 5-тата годишнина од брак во 2020-та година Мурад со фотографија од свадбата ѝ посвети емотивна објава на својата сакана Наталија…
„Ниту во милион години не мислев дека ќе бидам толку среќен да сретнам некој како тебе“, напиша тој.
Инаку, парот во 2021 година го доби синот Соломон, за кого Мурад вели:
„Понекогаш ми е толку тешко да поверувам дека сум негов татко. Чувството и одговорноста се огромни, но и неверојатни.“
Нивниот проект со фотографии направени низ целиот свет се вика „Follow Me To“ и тие уште од 2012 година се прогласувани за топ патувачки инфлуенсери.