Девојка со еластични уши може да држи селфи стап, чадор и разни работи со помош на нив (фото)
- Детали
- сабота, 25 јуни 2022
Ајуми Такада од Токио е девојка која има необични способности. Она што ја издвојува од останатите луѓе се нејзините уши кои може да ги истегне до 4.5 cm, па токму затоа ја нарекуваат „девојката со еластични уши“. Ајуми го привлече глобалното внимание користејќи ја својата „супермоќ“ на креативни начини.
Може да држи селфи стапчиња, чадори и други разни предмети околу кои ги обвиткува ушите.
Ушите започнала да ги користи за чудни намени уште во младоста, кога во еден дождлив ден во основно училиште, решила да држи чадор со нив.
Неколку години подоцна, таа повторно ја открила својата вештина за време на едно ТВ шоу. Оттогаш, нејзината популарност расте, а таа постојано дава интервјуа, демонстрирајќи ги своите таленти преку различни медиуми.
Иако изгледа бизарно, се чини дека Ајуми добро се забавува со својот необичен талент:
(О)Милена | Црнобело