30-годишна жена од САД која очекува дете со 60-годишниот сопруг, стана мета на осуда и онлајн критики

„Жално е што бебето нема да може да го гледа татко му долго жив“, „Тоа дете нема да има татко за 10 години“ се дел од коментарите. Покрај ова на Лери (60) му велат дека ѝ е како дедо на Минди (30) и дека нивната врска е одвратна.

30-godishna-zhena-od-sad-koja-ochekuva-dete-so-60-godishniot-soprug-stana-meta-na-onlajn-kritiki-01.jpg

Лери и Минди Микла од Флорида почнале да се состануваат во 2015 година. Минди доживеала сообраќајна незгода и Лери, тогаш бил полицаец, се појавил на местото на несреќата за да ѝ помогне.

Тие инстантно се вљубиле и една година подоцна стапиле во брак, иако тој е 3 децении постар од неа.

Сега, 30-годишната Минди објави дека со својот сопруг Лери (60) го очекуваат првото дете заедно.

Уште откако за првпат ја сподилиле среќната вест на Инстаграм, Минди вели дека добиваат осудувачки коментари од типот: „Жално е што бебето нема да може да го гледа татко му долго жив“, „Тоа дете нема да има татко за 10 години“ и слично. Покрај ова на Лери му велат дека ѝ е како дедо на Минди и дека нивната врска е одвратна.

„На почетокот коментарите ме погодуваа, не бев подготвена за таква доза на негатива, но сега си ги зајакнав нервите, но тоа беше долг и тежок процес. Онлајн ми кажуваат ужасни работи, кои верувам дека во живо не би ми ги кажале. Луѓето не треба да бидат толку полни со предрасуди, јас и Лери сме вистински среќни.“

Фотографии од парот:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg